📽 64.000 ЛУЃЕ УШТЕ НЕ МОЖАТ ДА ИЗБЕГААТ ОД КАЛТА Фестивалот во пустината во Невада се претвори во хорор

И до шест часа се чека за излез од фестивалот „Брнинг мен“ во Невада бидејќи калливата почва која остави десетици илјади гости заглавени тешко се суши, а според еден посетител ќе бидат потребни најмалку два дена за тоа да се случи.

968

Дури 64.000 посетители на фестивалот „Брнинг мен“ во Невада останаа заглавени во калта откако стивна летниот дожд. Тие со автомобилите пробаа да се спасат од необичната појава откако претходно се дозна дека човек почина во петокот. Организаторите на фестивалот дадоа зелено светло за гостите да го напуштат настанот.

За ова да се случи, беше укината забраната за возење по 20 часот која вжи во тој регион. Но, организаторите ги предупредија луѓето да почекаат калта барем малку да се исуши.






„Ве молиме имајте предвид дека иако условите се подобруваат и патиштата се сушат, плажата е сè уште матна и може да биде тешко да се движите во некои населби и по одредени улици“, објавија тие.

По укинувањето на забраната се формираше редица возила во која се чека и до шест часа.

 

 

Во саботата, посетителот Пол Редер, кој доаѓа на фестивалот 22 години, изјави за Ројтерс дека очекува дека ќе бидат потребни најмалку два дена за областа да се исуши.

На фестивалот имаше повеќе од 70.000 посетители кои беа заробени, а голготата трае.

Фестивалот е познат во Невада. Таму луѓето секоја година се собираат да создаваат уметност, да танцуваат и да се забавуваат. Околу нив обично се поставени уметнички инсталации, а на самиот крај тие палат џиновски човек од дрво по кого фестивалот го добил името – „Човекот што гори“.

Поврзани содржини