61 ГОДИНА ОД БЕГСТВО ОД АЛКАТРАЗ Мистеријата сѐ уште останува, а истрагата не е затворена

Според официјалната верзија, се претпоставува дека Френк Морис и браќата Џон и Кларенс Англин се удавиле во ледените и турбулентни води на заливот Сан Франциско, но постојат некои гласини кои велат дека тие се вратиле во затворот кој кој стана туристичка атракција за 50-годишнината од нивното бегство.

528

Денеска се навршуваат 61 година од легендарното бегство од затворот Алкатраз во 1962 година. Овој настан и по повеќе од шест децении се уште ја интригира јавноста.

Управниците на озлогласениот затвор велеле дека никој од него никогаш не избегал жив. Но, неколку затвореници успеаја да го докажат токму спротивното, совршено го испланираа и на крај го релизираа бекството од затворот. Тројца затвореници што избегаа од Алкатраз никогаш не беа пронајдени.






Според официјалната верзија, се претпоставува дека Френк Морис и браќата Џон и Кларенс Англин се удавиле во ледените и турбулентни води на заливот Сан Франциско.

Има неколку од нив, меѓутоа, кои веруваат дека успеале да испливаат на брегот и оттогаш се кријат.

Постојат некои гласини кои велат дека тие се вратиле во затворот кој кој стана туристичка атракција за 50-годишнината од нивното бегство.

Иако не се знае точно од каде потекнува оваа урбана легенда, американскиот шериф Мајкл Дајк го помина денот на островот, за секој случај.

Повеќето затвореници кои се обиделе да избегаат од Карпата, како што стана познат затворот, биле фатени или удавени. Но, ова беше едно од најсмелите и најсложени бегства во озлогласената историја на затворот – и вклучуваше лажици, хартиени глави и гумени мантили.

Сè започнало со  копање со лажички во бетонот околу отворите за вентилација во нивните ќелии и со уред сличен на бушалка направен од правосмукалка.

Свирењето со усна хармоника ги пригушувало звуците на дупчење, а картонот бил внимателно поставен за да ја покрие дупката за бекство.

Кога дошло време, тие се лизнале низ коридорот за одржување и се упатиле кон покривот. Чуварите кои одвреме-навреме оделе наоколу и ги проверуваа лицата на сите затвореници биле вешто измамени. Тие не се посомневале бидејќи мислеле дека тројцата избегани длабоко заспале, но не знаеле дека се работи за хартиени глави со закачена вистинска коса, собрани од затворската берберница.

Тројца затвореници стигнале до покривот и успеале да се прекачат преку високата ограда од бодликава жица и покрај рефлекторите. Во еден слеп агол на караулата, тие користеле импровизирани мевови за да надујат чамец направен од гумени кабаници.

Четвртиот член од групата не успеа доволно брзо да ја извади решетката на неговиот отвор, а кога успеа да се пробие, другите веќе впловиле во заливот Сан Франциско – во нивната смрт или слобода – во зависност од тоа во што верувате.

Остатоците од чамецот водата ги исфрлила на блискиот остров, но овие луѓе никогаш повеќе не биле видени.

– Мислам дека има добри шанси да преживеат. Тешко е да се каже. Мораме да го оставиме случајот отворен бидејќи никогаш не беше пронајдено тело, но околу еден месец откако тие избегаа, во јули 1962 година, норвешки товарен брод виде тело како плови во океанот на 15 милји од мостот Голден Гејт. Имало затворска униформа – морнарско палто и пар танки панталони – слични на она што го носеа затворениците. Во тој период немаше други исчезнати лица – вели американскиот шериф Мајкл Дајк.

Тој мисли дека тоа можело да биде телото на Френк Морис, верувајќи дека браќата Англин би се грижеле еден за друг.

Но, неизвесноста на нивната судбина роди легенда. Книгите и документарците го оставаат отворен сомнежот дека се избеганите затвореници се удавиле и претпоставката дека тие навистина стигнале до брегот.

Клинт Иствуд го играше Френк Морис во филмот Бегство од Алкатраз од 1979 година.

Една ТВ серија го реконструираше бегството под многу слични услови и заклучи дека тие можеле да преживеат.

– Сè уште добивам извештаи од време на време за случајот и сè уште има активни налози за нивно апсење – вели Дајк.

Тој лично ја водеше истрагата повеќе од 10 години.

– Бидејќи случајот сè уште е отворен, мораме да ги бараме. Повеќето траги не се навистина добри или веродостојни. Околу 99 проценти од нив не се точни – додава тој.

 

Поврзани содржини