60 НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ БАРААТ ДА ГИ ФИНАНСИРА ЕУ, КОГА НЕ САКА ТРАМП Приoритет за програмите за репродуктивни права, за родовата еднаквост и за ЛГБТК+

Потписниците сакаат да им се даде приоритет на финансирањето за секторите кои се најпогодени, но бараат ЕУ со дипломатски мерки за да ја повика американската администрација да го смени курсот.

706

Меѓународната комисија на правници и повеќе од 60 други граѓански организации од Европа, упатиле итен апел, со кој ги повикуваат лидерите на Европската унија да преземат итна акција за справување со глобалната криза за помошта за развој предизвикана од неодамнешните одлуки на американската администрација.

На 20 јануари година, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба, со која ја замрзна целата американска помош кон странство од 90 дена.






„Оваа одлука веќе доведе до непосредни и катастрофални последици, вклучително и затворање на клиниките, суспендирање на програмите за лекување на болести кои спасуваат животи, нарушување на иницијативите за човекови права и владеење на правото и финансиска криза за невладините организации ширум светот“, се вели во апелот.

Враќањето на политика на САД што им забранува на странските организации кои добиваат глобално здравствено финансирање од САД да обезбедуваат, советуваат или да застапуваат услуги за абортус, дополнително го загрозува пристапот до основните услуги за сексуална и репродуктивна здравствена заштита.

Потписниците ја повикуваат ЕУ да даде приоритет на финансирањето за секторите кои се најпогодени, вклучувајќи ги репродуктивните права, родовата еднаквост и ЛГБТК+ правата. Тие бараат намалување на административните бариери за да се обезбеди пристапност до финансирање за граѓанските организации, но бараат и ЕУ да преземе дипломатски мерки за да ја повика американската администрација да го смени курсот.

Поврзани содржини
na