6.000 ЛУЃЕ СЕ СОБРАА НА БРИТАНСКОТО „КОКИНО“ Пристигна летната рамнодневница кај Стоунхенџ

Стоунхенџ е праисториски споменик во рамнината Солсбери во југозападна Англија. Се верува дека тој служел за обредите на древните народи кои го славеле Сонцето. Вистинската причина за ова не е точно утврдена, но камената постројка е направена така што на летната долгоденица Сонцето минува низ карпите и фрла светлина точно на центарот на кружната конструкција.

77

Илјадници „друиди”, „пагани” и „нововремци” (NewAgeists), на славниот британски локалитет Стоунхенџ ја дочекаа летната долгоденица, односно најдолгиот ден во годината на северната Земјина хемисфера. Единствен сличен таков во светот е нашето Кокино близу Куманово. 

Полицијата во Вилтшир соопшти дека околу 6.000 луѓе се собрале да го дочекаат изгрејсонцето во 4:49 часот. Според наводите, собирот минал мирно, а ова е прв ваков настан по 2019 година. Последните две години, изгрејсонцето се следеше преку интернет, поради пандемијата на коронавирус.






Стоунхенџ е праисториски споменик во рамнината Солсбери во југозападна Англија. Се верува дека тој служел за обредите на древните народи кои го славеле Сонцето.

Вистинската причина за ова не е точно утврдена, но камената постројка е направена така што на летната долгоденица Сонцето минува низ карпите и фрла светлина точно на центарот на кружната конструкција.

Поврзани содржини