6.000 ДРОНОВИ ЌЕ ФРЛАТ СЕНКА ВРЗ УКРАИНА Откриена тајната база каде Русите работат на нова доминација во небото

За да се осигура дека ќе има производство Русија им ги одзела пасошите на вработените во случај да сакаат да ја напуштат државата. Документите до кои дошол весникот сугерираат и дека во тајната операција се користат кодни имиња за оружејето. Дроновите се нарекувани „чамци“, експлозивите „браници“, а Иран, земјата каде дроновите се дизајнирани, е наизменично нарекувана Ирска или Белорусија.

3,753

Русија развива илјадници беспилотни летала дизајнирани од Иран во огромна тајна воена база, покажуваат објавените документи, пренесува ДејлиТелеграф. Веста ја потврди и Вашингтон Пост кој напиша дека „инженерите во објектот Алабуга во Татарстан, на околу 800 километри источно од Москва, се обидуваат да произведат околу 6.000 надградени дронови до 2025 година“.

Се работи за простор голем колку 14 фудбалски игралишта, а треба да се проширува. Сè започнло годинава, со тим кој ги реставрира демонтираните дронови од Иран. Моментално се во втората фаза: самите произведуваат каросерија на возила, но ги опремуваат со иранска електроника. На почетокот на следната година, објектот ќе започне со изградба на беспилотни летала користејќи руски материјали и компоненти.






Стотици наместо десетици дронови

Иако производството е задоцнето, експертите веруваат дека тоа би можело да значи дека стотици беспилотни летала „Шахед“ ќе бидат насочени кон украински цели во исто време, наместо десетиците дронови кои моментално се користат во нападите.

За да се осигура дека ќе има производство Русија им ги одзела пасошите на вработените во случај да сакаат да ја напуштат државата. Документите до кои дошол весникот сугерираат и дека во тајната операција се користат кодни имиња за оружејето. Дроновите се нарекувани „чамци“, експлозивите „браници“, а Иран, земјата каде дроновите се дизајнирани, е наизменично нарекувана Ирска или Белорусија.

 

Нема веќе евтини кинески делови

Има и новитети кај дроновите. Инженерите се чини успеале да ги направат водоотпорни, а за да го направат тоа ги замениле кинеските делови какви што ги имаат оригиналните „Шахед“ дронови. Сѐ одело добро до моментот на првата испорака, кога сфатиле дека им фали вилушкар со кој тешките гајби ќе ги натоварат на камионите. Не можеле да најдат компанија квалификувана да го прави тоа.

Проектот „брод“ доцни, но нема да пропадне

Сето ова прави операцијата, која има кодно име „Проект Брод“ да доцни повеќе од пет недели. Но, тоа не го спречи Дејвид Олбрајт, поранешен инспектор за оружје на ОН, да рече дека верува дека Русија може да премине од повремени лансирања на увезени „Шахеди“ на поредовни напади со стотици од нив до следната година.

Поврзани содржини