5 РУСКИ ОРУЖЈА КОИ НИКОЈ ДРУГ ГИ НЕМА Хиперсонична нуклеарка, системот С-400, напредни Сухои…
Руските Сухои во некои нешта ги надминуваат американските Ф-15 и Ф-16, а нивниот антиракетен систем С-400 пресретнува ракети од сите страни, а не само во опсег од 180 степени. Хиперосоничната нуклеарка „Авангард“ може да ги заобиколува туѓите „чадори“, а тенкот „Т-41 Армата“ дигитално пресретнува ракети. Дури и да го погодат, екипажот ќе преживее бидејќи е сместен во посебна заштитна капсула.
Постојат оружја со кои Русија може да се пофали, а кои ги нема никој во светот. Барем не на таков начин. Следните пет оружја ги надминуваат американските во домет, брзина, електроника, во нови технологии од типот на вештачката интелигенција, но и во итроштина.
Во Јутјуб-видеото од Military Update, американски експерти зборуваат за руското оружје.
Хиперсоничната нуклеарка „Авангард“
Кога за првпат полета, интерконтитенталната нуклерка „Авангард“ лично ја набљудуваше и самиот претседател Владимир Путин. „Авангард“ означува нова ера во руската ракетна наука. Таа може да лета побрзо од звукот, може да лета многу високо, а може и да ги заобиколува „чадорите за одбрана“, односно антиракетните системи поставени во Полска и во САД.
Нема ваква друга ракета во светот, во моментов. Таа патува со неверојатни 24.000 км/час и е 130 пати посилна од атомската бомба која го разруши градот Хирошима.

Су-57 ПАК ФА од петтата генерација
Су-57 е резултат на програмата ПАК ФА. Американците го нарекуваат „Фелон“. Тој е двомоторен стелт-ловец што ќе се користи во операции воздух-воздух, но и воздух-земја. Првпат летнал во август 2019 година. Има напредни сензори и голема брзина, но најинтересното е што поседува вештачка интелигенција. Русите сакаат овој авион постепено да ги замени МиГ-29 и Су-27. Има дострел од 1.500 километри, што е скоро дупло повеќе од ловецот Су-27. Може да постигне брзина од 2 маха без дополнително гориво.
Су-57 е предвиден да биде придружуван од дрон, кој ќе му биде „бек“, односно „крило“. Ова важи и за другите Сухои.

Антиракетниот систем „Триумф С-400“
Уште една супериорна игачка во рацете на Русите. Може да открие воздушни цели во радиус и до 600 километри и да ги собори на далечина од 400 километри. Без разлика дали станува збор за крстосувачки ракети со брзо маневрирање или интерконтинентални балистички нуклеарни ракети кои ја гаѓаат земјата, „С-400“ ќе ги открие и ќе ги собори.
Се разликува од неговиот американски конкурент „МИМ-104 Патриот“ во тоа што може да гледа и да соборува ракети од сите правци. Американскиот систем може да скенира само во опсег од половина круг, односно 180 степени. Исто така, на фрлачите во американскиот систем им требаат дури 30 минути да се распоредат. За тоа време тие можат веќе да бидат погодени, па и целосно разрушени од непријателот.
Американскиот систем има и помал домет, само 180 километри, што е половина од рускиот. Ова е битно во соборување не само на ракети, туку и на ловци и бомбардери. Со други зборови, американскиот систем не може да соборува авиони за разлика од рускиот.
Ловецот Су-35
Су-35 не е најопасниот авион кој моментално постои, но има можност во тоа да се претвори. Во многу нешта тој се доближува, а во некои и ги надминува американските Ф-15 авиони. Едно од тие нешта е електрониката. Су-35С може да се пофали со моќен пакет за заглавување на меморијата за дигитални радиофреквенции што може да направи хаос со проектилот AIM-120 AMRAAM. Со други зборови, ќе погоди од прва.
Су-35 носи и огромна количина на ракети од типот „воздух-воздух“ наспроти застарената одбранбена електроника на Ф-15. Го нарекуваат ловец од четвртата, 4++ генерација. Иако тој е надградба на Су-27, модел од 1977 година, Су-35 е исклучително брзоманеврирачки ловец во три димензии, со прилично долг дострел, лета на голема височина и има тешко вооружување. Тој е подобар и од Еурофајтерот, Eurofighter Typhoon, од Dassault Rafale, F-15 C и од моделот F/A-18E Super Hornet.
Су-35 може да патува побрзо од звукот, но за тоа не му треба дополнително гориво.

Тенкот „Т-14 Армата“
Овој тенк е пресвртница во технологијата за оклопни оружја на 21 век. Тој е прв тенк во светот од третата генерација. Има пиштол со мазна дупка од 125 мм 2А82 и со целосно дигитален далечински управувач. Најинтересното е што луѓето веќе не седат напред, туку одзади во изолирана оклопна капсула, а го управуваат тенкот преку компјутер. Со ова, тие ќе преживеат дури и при сериозен удар, експлозија или ако муницијата се запали.
Без оглед на тоа, тенкот може да издржи гранатирање од противтенковски гранати и проектили. Тој има нов систем за заштита наречен „Афганит“. Има четири антени кои го „фаќаат“ непријателскиот проектил кога доволно ќе се приближи и со соборуваат со помош на ласери, радари и димна завеса. Доколу проектилот избега од радарите и од ласерите, во игра влегува динамичниот штит „Малахит“ кој ги погодува проектилите додека се приближуваат до резервоарот.
Соперникот на „Т-14 Армата“ е американскиот тенк „Абрамс“. Но, американскиот тенк нема капсула за заштита. Тој има послаб домет од 4,6 километри и може да испука три пати во минута, додека рускиот може десет пати и има домет од 7 километри.