40 ГОДИНИ МЕТАЛИКА, 30 ГОДИНИ „ЦРН АЛБУМ“ Сѐ започна со оглас во весникот „Рисајкл“
Во 1990 година бендот го сними првиот спот за песната „One“, кој се искачи на првите места на топ-листите на Ем-ти-ви. Следеше албумот „Металика“, којшто поради омотот сè уште се нарекува „Црниот албум“. Тука се наоѓаат вечните хитови „Enter Sandman“ и „Nothing Else Matters“.
„Металика“, еден од највлијателните музички бендови, слави четири десетлетија постоење и 30 години од култниот „Црн албум“ (The Black Album).
Како што велат тие, случајно се собрале и испишале историја. Сè се случило кога тапанарот Ларс Улрих објавил оглас дека прави бенд во калифорнискиот весник „Рисајкл“ во 1981 година. Останатото е историја. Другите членови кои преживеаја денес се: пејачот Џејмс Хетфилд, гитаристот Кирк Хамет и басистот Роберт Трохиљо.
Металика е основана на 28 октомври 1981 година. Во 1983 година го издаваат албумот „Kill’em All“, а во 1986 и култниот албум „Master of Puppets“. Со таа плоча заминуваат на европска турнеја, на којашто им се преврте автобус – меѓу Стокхолм и Копенхаген, а басистот Клиф Бартон загина. Бартон беше заменет од Џејсон Њустед.
Во 1990 година бендот го сними првиот спот за песната „One“, кој се искачи на првите места на топ-листите на Ем-ти-ви. Следеше албумот „Металика“, којшто поради омотот сè уште се нарекува „Црниот албум“. Тука се наоѓаат вечните хитови „Enter Sandman“ и „Nothing Else Matters“.
Нивниот последен албум „Hardwired … to Self-Destruct“ излезе во 2016 година.
„Металика“ повторно настапува по откажувањето на концертите поради пандемијата. Следат големи настапи, во јуни на тркачката патека Хокенхајмринг во Германија.
Гитаристот Кирк вели дека за нив, нема запирање и по 40 години.