4 ЕВРА ЗА ПУКАНКИ ВО ГРЦИЈА?! „Во Германија се 8, па ручкајте“
Во Германија се 8 (евра), па ручкајте во Грција и уживајте, Сите имате тенџериња во становите, па гответе ги сами, Во Парга уште во 2019 година беа 5 евра, гласат дел од коментарите во групата „Live from Greece“ на Фејсбук.
Српските туристи кои годинава летуваат во Грција, покрај поплаките за скапото сместување, храната и лежалките низ брегот, се жалат и на цените на пуканките. Поточно, во Никити туристи платиле четири евра за пуканки.
Оваа цена налути многумина.
„Во Германија се 8 (евра), па ручкајте во Грција и уживајте“, „Сите имате тенџериња во становите, па гответе ги сами“, „Во Парга уште во 2019 година беа 5 евра“, „Одлична информација, значи на списокот од паштети и домати треба да додадеме и машина за пуканки“, „Поевтино ти е да јадеш гиро“, гласеа дел од коментарите на групата „Live from Greece“.