26 ФОТОГРАФИИ СУГЕРИРААТ ДЕКА БРОДОТ БИЛ РУСКИ? Данската верзија за разнесувањето на Северен тек добива ветер во грбот
Данскиот воен аналитичар Јакоб Каарсбо изјавил дека бродот е способен да изврши пренасочување на гасоводот, а тоа го потврди и поранешниот шведски разузнавач Јоаким фон Браун. Друг дански аналитичар по име Оливер Александар смета дека „постои можност рускиот брод да бил таму за нешто друго“ и дека тоа едноставно „се поклопило“, но сепак наведува дека тоа е „многу интересен момент“.
Потрагата по виновникот за разнесувањето на цевките од гасоводите „Северен тек“ во Балтичко Море добива своја „данска верзија“. Откако претходно ја имавме верзијата на новинарот Сејмур Херш кој понуди анализа дека нуркачи на НАТО заедно со помош од Норвешка стојат зад случајот, а на ова Кремљ реагираше со тврдењето дека зад случајот стои Киев, нова шведско-данска истрага објавена во весникот Информации ја враќа топката кон Москва.
Кој би бил рускиот мотив да се саботираат цевките?
Данското Министерство за одбрана тврди дека направило 26 фотографии од руски брод кој бил забележан во близина на местото на експлозијата четири дена пред инцидентот кој се случи минатиот септември, пренесува Гардијан. Се работи за патролниот брод СС-750 кој во себе носи и подморница AS-26 Priz која би можела да ја изврши саботажата и да го постави експлозивот.
Министерството не сака да ги објави фотките велејќи дека се доверливи и дека истрагата е во тек. Данската војска не одговорила на барањето на агенцијата АФП за коментар.
– Свесен сум за информациите од порано… Ова не е нова информација за нас – рече во петокот државниот обвинител на Шведска, Матс Љунгквист.
Russian navy ship SS-750 was photographed near the site of the Nord Stream explosion 4 days beforehand, according to the Norwegian military.
The interesting part is that ship carries a mini-submarine for underwater operations …https://t.co/nePjMAArqv pic.twitter.com/iuM5rQ4f2F— Alec Luhn (@AlecLuhn) April 27, 2023
Времето се поклопува, ова е многу интересен момент
Данскиот воен аналитичар Јакоб Каарсбо изјавил дека бродот е способен да изврши пренасочување на гасоводот, а тоа го потврди и поранешниот шведски разузнавач Јоаким фон Браун.
Друг дански аналитичар по име Оливер Александар смета дека „постои можност рускиот брод да бил таму за нешто друго“ и дека тоа едноставно „се поклопило“, но сепак наведува дека тоа е „многу интересен момент“.
Mесеци по „мистериозниот“ напад на важниот геостратешки руски гасовод Северен тек, кој требаше да снабдува голем дел од Европа со руски гас, официјална истрага уште нема. Кремљ се пожали дека е оневозможен да изврши своја истрага во морето, бидејќи таму патролираат претежно западни бродови. Лани, во ноември, шведското обвинителство потврди дека на „местото на злосторството“ на морското дно, околу 100 метри под површината на Балтичкото Море, во близина на данскиот остров Борнхолм, биле пронајдени остатоци од експлозиви и неколку „странски предмети“.
Далечински управувач и глупава одлука
Кинеската државна телевизија Си-Си-Ти-Ви неодамна објави видеоанимација за тоа како агенти на Западот би можеле да ја извршат оваа мисија, кој вклучува доаѓање со брод, нуркање, поставување експлозив и негово активирање од далечина. Симулацијата е направена на основа на приказната на Сејмур Херш, чија сторија вели дека експлозивот бил активиран со далечински управувач, а притоа за тоа била користена пловка која во водата ја спуштил норвешкиот разузнавачки авион П8. Далечинкото активирање било побезбедно отколку на бомбата да се постави тајмер од 48 часа на експлозивите, кои, според него, биле поставени уште во јуни, три месеци пред големиот „бум“.
Херш, кој пишувал бројни статии за Њујорк Тајмс и други видни медиуми, подоцна изјави дека разнесувањето на цевководите било една од најглупавите одлуки кои Американците ја донеле во последните години.
На неговиот блог Херш напиша како за одлуката дали воопшто да се разнесат цевките во Пентагон било дебатирано девет месеци пред да се случи вежбата на НАТО наречена БАЛТОПС22. Приказната ја предизвика Москва да побара објаснување од Вашингтон, додека Вашингтон негираше.
The Chinese TV channel CGTN (China Global Television Network) pre-told a “possible” version of the attack on Nord Stream.#UkraineRussiaWar #UkraineWar #Russia #Ukraine #Russian #NATO #Bakhmut #Kremennaya #Wagner pic.twitter.com/dqVqifz8pB
— Twiter_Trends (@Twiter__Trends) February 27, 2023
Шест јаки момци и една дама нуркаа
И Вашингтон и Киев негираа каква било вмешаност во нападот на гасоводот. Русија побара да учествува во меѓународната истрага, но Данска одби бидејќи нападот се случил во нивната „поморска економска зона“. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, најави дека, и покрај тоа, „прашањето за пренасочување нема да биде фрлено под тепих“.
Подоцна, Њујорк Тајмс и германскиот Ди Цајт во сопствени анализи објавија дека зад терористичкиот напад стојат „проукраински групи“.
Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, на Телеграм почна да се мајтапи со овој израз „проукраински групи“. Тој ги повторуви ги ставовите на Кремљ дека зад ваква сложена операција може да стои само одредена држава, односно, Украина.
„Шест закоравени саботери, со една жена меѓу нив, фатална жена – фам фатал (како може да се прави филм без жена?) излегоа на јахта во бурното Балтичко Море. Зедоа половина тон експлозив на бродот и изведоа прекрасно нуркање. И тогаш тие разнесоа две огромни цевки на дното, пред да исчезнат на зајдисонце. Незабележани од никого. Во морето, инаку полно со бродови на НАТО и меѓународни системи за надзор. Јахтата дури и му ја вратија на сопственикот, ептен е закон тоа, но и со почит кон законот“, напиша тој и додаде:
„Целта на овој ефтин филм беше да ги згрози Европејците на кои веќе им здосадува да мора да плаќаат за поддршката на ЕУ за Украина во услови на конфликт со Русија“.
Неодамна заедничка истрага на шведски, дански и норвешки радиодифузери сугерираше дека Русите користат маскирани бродови, најчесто како рибарски или цивилни, за да ја мапираат подводната кабловска мрежа во Балтичкото и во Северното Море. Истрагата ја објави и Би-Би-Си во своја статија во која се вели дека Владимир Путин има таен план за отсекување на Балтичкото и Северното Море во случај на директен судир со НАТО и Западот.
Плусинфо веќе пишуваше за руската група 21955 чија задача е да врши саботажи низ разни делови од Европа, кои вклучуваат отсекување на струјата во копнени делови, но и на подводните кабли.
А ТИЕ СЕ ОНИЕ КОИ СЕЧАТ КАБЛИ ПО ЦЕЛ СВЕТ? Тајната единица „29155“ ја основал Путин од агенти на КГБ