24 ВЕЛИКАНИ Ова е листата на најпаметните луѓе на сите времиња!

Да се ​​биде интелигентен не е исто како и да се користи таа интелигенција за да создадете нешто што никој друг не успеал, да се унапреди човештвото, да се биде „попаметен од сите“...

660

Интелигенцијата може да се мери на различни начини. Некои веруваат во тестови за интелигенција, други посветуваат повеќе внимание на емоционалната или социјалната интелигенција. Исто така, има нешто и во постигнувањата.

Да се ​​биде интелигентен не е исто како и да се користи таа интелигенција за да создадете нешто што никој друг не успеал, да се унапреди човештвото, да се биде „попаметен од сите“…






Многу луѓе не го исполнуваат својот потенцијал. Вистина е и дека предрасудите и немањето можности спречуваат некои брилијантни луѓе да го остварат својот целосен потенцијал и да бидат препознаени како генијалци, пишува порталот Big Think.

Сепак, користејќи ги сите критериуми коишто се на располагање, направена е листа на најпаметните луѓе во историјата.

Напомена: Иако тестирањето на коефициентот на интелигенција е развиено дури на почетокот на 20 век, последователните студии го процениле коефициентот на интелигенција на некои значајни луѓе од минатото.

Генерално, секој кој на тестирањето има коефициент на интелигенција над 140 на тестирање се смета за гениј.

Еве ја листата:

24. Вилијам Сидис (1898-1944)

Американското чудо од дете, чиј коефициент на интелигенција, наводно, бил помеѓу 250 и 300, е можеби највисокиот измерен досега. Имал извонредни способности во математиката, се запишал на Харвард на 11-годишна возраст и тврдел дека знае 40 јазици. Професорите предвидувале дека младиот Сидис ќе стане најголемиот математичар на 20 век.

Меѓутоа, како возрасен, Вилијам се „скршил“, се занимавал со услужен бизнис и имал проблеми со законот.

23. Џудит Полгар (1976)

Унгарска шаховска велемајсторка која важи за најдобра шахистка на сите времиња. Го соборила рекордот на светскиот шампион во шах Боби Фишер и стана велемајстор на 15 години. Нејзиниот коефициент на интелигенција е забележан како 170.

22. Филип Емагвали (р. 1954)

Нигерискиот пронаоѓач и научник, наводно со коефициент на интелигенција 190, е прогласен за „најголемиот африкански научник на сите времиња“.

21. Теренс Тао (р. 1975)

Кинезот, роден во Австралија, е поранешно чудо од дете чии резултати на коефициент на интелигенција се движат од 220 до 230. Во моментов е професор по математика на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

20. Клеопатра (68-30 п.н.е.)

Како последен фараон на птоломејскиот Египет, таа владеела со земјата речиси 30 години. Течно зборувала пет јазици и имала коефициент на интелигенција околу 180. Клеопатра била позната и по врските со Јулиј Цезар и Марк Антониј.

19. Сриниваса Раманујан (1887-1920)

Индиски математичар кој дал голем придонес во областите како што се теоријата на броевите, континуираните дропки и бесконечните низи и покрај тоа што немал никакво формално образование по математика. Неговиот проценет коефициент на интелигенција бил 185.

18. Гари Каспаров (р. 1963)

Ерменски Евреин, многумина го сметаат за најдобриот шахист на сите времиња, чиј коефициент на интелигенција наводно бил 190. Тој беше играч број еден во светот речиси две децении, освојувајќи го првпат светското првенство на само 22 години.

17. Аријабхата (476-55)

Веројатно најраниот индиски математичар и астроном. Ја пресметал вредноста на бројот π (pi) и ја развил употребата на нулата.

16. Волтер (1694 – 1778)

„Волтер“ всушност бил неговиот псевдоним бидејќи бил роден како Франсоа-Мари Ару. Водечка фигура на француското просветителство со коефициент на интелигенција од 190 до 200. Бил духовит писател, историчар и филозоф.

15. Хипатија (350-70 – 415)

Грчки астроном, филозоф и математичар кој живеел во Египет, а подоцна и во Источното Римско Царство. Таа била првата жена математичар за која знаеме, со проценет коефициент на интелигенција од 170-190. Била обвинета за вештерство и брутално убиена од група христијански фанатици.

14. Јохан Гете (1749-1832)

Германски ерудит со забележителни достигнувања во науката, кој се смета за еден од најголемите таленти во западната литература. Неговиот проектиран коефициент на интелигенција бил 213.

13. Авицена наречен Ибн Сина (980 – 1037)

Персиски ерудит кој се смета за еден од најважните мислители на златното доба на исламот. Пишувал за филозофија, медицина, астрономија, алхемија, логика, математика, физика, психологија и други предмети.

Особено е познат по неговата работа на аристотеловата филозофија и неговите медицински книги, кои станале стандард на средновековните универзитети.

12. Галилео Галилеј (1564-1642)

Еден од најважните научни херои на сите времиња. Дека дал значаен придонес во различни области, од астрономија преку физика до математика и филозофија.

Поради посветеноста на хелиоцентризмот, т.е. теоријата дека Земјата се врти околу Сонцето, а не обратно, римската инквизиција го означила како еретик. Неговиот опсег на коефициент на интелигенција: 180-200.

11. Готфрид Вилхелм Лајбниц (1646-1716)

Уште еден германски ерудит – филозоф и математичар. Неговиот филозофски труд е познат по заклучокот дека сме живееле во најдобриот можен универзум кој Бог можел да го создаде.

Проценките на коефициентот на интелигенција на Лајбниц се движат од 182 до 205.

10. Никола Тесла (1856-1943)

Пронаоѓач и футурист, познат по наизменична струја, калемот на Тесла, безжичниот пренос на енергија, „зрак на смртта“, како и по предвидувањето на паметни телефони, дронови и други технологии. Проценет коефициент на интелигенција – 195.

9. Сатиендра Нат Бозе (1894-1974)

Индиски физичар чија брилијантна работа на квантната механика со Алберт Ајнштајн резултираше со статистика на Бозе-Ајнштајн. Хипотетичката елементарна честичка бозон го добила називот по нему.

8. Марија Кири (1867-1934)

Полска физичарка и хемичарка. Таа беше првата жена што ја доби Нобеловата награда и тоа двапати. Ја развила теоријата за радиоактивност (го измислила терминот) и открила два елементи (полониум и радиум). Нејзиниот проценет коефициент на интелигенција бил 180-200.

7. Конфучиј (551 п.н.е. – 479 п.н.е.)

Влијателен кинески филозоф и учител, познат по своите популарни афоризми. Неговите морални и политички учења имале големо влијание ширум источна Азија. Некои понови научници тврдат дека многу од тоа што знаеме за Конфучие е мит.

6. Алберт Ајнштајн (1879-1955)

Веројатно најпознатиот научник кој некогаш живеел. Ајнштајн ја развил општата теорија на релативноста,  добил Нобелова награда за физика во 1921 година и имал револуционерно влијание врз науката.

Неговиот коефициент на интелигенција се проценува на некаде помеѓу 160-190.

5. Вилијам Шекспир (1564-1616)

Тој се смета за најголемиот писател на англиски јазик и еден од најпопуларните и најпочитуваните светски драматурзи.

Со приближен коефициент на интелигенција од 210, Шекспир пишувал класични драми кои се изведуваат и ден – денес, како што се „Ромео и Јулија“, „Хамлет“ и „Магбет“.

3-4. Платон (427 – 347 п.н.е.) и Аристотел (384 – 322 п.н.е.)

Грчки филозофи кои имале големо научно влијание врз средниот век. Платон бил клучна фигура во западната наука, математика и филозофија, пишувајќи преку познати дела како „Република“.

Аристотел бил ученик на Платон, бидејќи тој бил дел од Атинската академија на Платон повеќе од 20 години.

Аристотел имал големо влијание врз развојот на западната филозофија и наука, пишувајќи за физика, биологија, метафизика, логика, театар, естетика и други теми.

Коефициентот на интелигенција на грчките мислители е проектиран на 180-190.

2. Сер Исак Њутн (1642-1726)

Англиски физичар и математичар најпознат по откривањето на гравитацијата. Еден од најславните и највлијателните научници на сите времиња, Њутн имал проценет коефициент на интелигенција од 193.

Неговата книга „Philosophia Naturalis Principia Mathematica“ била основен текст на класичната механика и влијаел на научната мисла повеќе од 300 години.

1. Леонардо да Винчи (1452-1519)

Италијански ренесансен човек кој се истакнал во различни области – од наука, преку сликарство и скулптура, до пронајдок.

Неговата слика „Мона Лиза“ е веројатно најпознатото уметничко дело во светот.

Коефициентот на интелигенција на човек кој бил можеби најталентираната личност некогаш бил околу 200.

 

 

Поврзани содржини