23 ГОДИНИ ЈАД И МИСТЕРИЈА Како се случи кобниот 11 септември?
До 2018 година, на 10.000 луѓе им беше дијагностициран рак поврзан со 9/11. Од 2001 до 2004 година, над 7 милијарди долари како компензација беа дадени на семејствата на жртвите од 11 септември и на 2.680 лица повредени во нападите.
Американците денеска одбележуваат 23 години од нападите на 11 септември и временски период во кој се променија многу работи во светот откако почна глобалната војна против тероризмот.
Целата приказна за тоа како се случија нападите останува недокрај разрешена. На тој ден во 2001 година, два патнички авиона, со разлика од 16 минути, удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден од симболите на тој град.
Претходно истото утро, членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, кои потоа ги насочија кон важни објекти, со идеја да ги извршат најразорните напади врз водечките симболи на САД.
Првиот удар се случи во 8:46 часот, во Северната кула на комплексот Светски трговски центар. Тоа беше летот 11 на Американ Ерлајнс.
Вториот удар се случи седумнаесет минути подоцна во Јужната кула на Трговскиот центар. Тоа беше летот 175 на Американ Ерлајнс.
Двете кули на Светскиот трговски центар, кои имаа по 110 ката, се урнаа во рок од еден час и четириесет минути. Уништени или оштетени беа и околните згради.
По нападите, САД официјално почнаа војна против тероризмот и притисок врз Авганистан за соборување на талибанците, кои отфрлија барање да го протераат лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Потоа следеа 19 години, 10 месеци, три недели и два дена војна во Авганистан, при што Министерството за одбрана на САД соопшти за најмалку 2.325 загинати припадници на американската војска.
Бин Ладен ја презеде одговорноста за нападот на 11 септември 2001 година, наведувајќи ја поддршката за Израел и американското воено присуство во Ирак и Саудиска Арабија како мотив. Седум години подоцна, Бин Ладен беше убиен во Пакистан во акција извршена од американските сили. Во јуни 2011 година претседателот Барак Обама објави почеток на повлекување на американските сили од Авганистан.
Поради зајакнување безбедност, со Законот за внатрешна безбедност од 2002 година, во САД е формирано Министерство за внатрешна безбедност – тие се одговорни за спречување терористички напади, гранична безбедност, имигранти и царини и помош и спречување катастрофи.
Формирана беше и Управата за безбедност при транспорт, целосно нова федерална агенција овластена од Конгресот во ноември 2001 година.
Њујорк беше местото каде што повеќето од околу 3.000 жртви, вклучувајќи луѓе од целиот свет, беа убиени во првичните експлозии на два авиона, каде кулите од СТЦ со 110 спратови се урнаа за помалку од два часа.
Во Пентагон, се урна патнички авион врз западната страна на воениот центар на САД.
И во Шенксвил, Пенсилванија, третиот бран киднапери со авион удри во поле откако патниците возвратија, испраќајќи го Јунајтед 93 долу, пред да ја погоди својата цел – најверојатно зградата на американскиот Капитол во Вашингтон или Белата куќа.
Вкупно 2.977 луѓе загинаа во нападите на 11 септември, вклучувајќи ги и 19-те киднапери терористи во четирите авиони. Граѓани на 78 земји загинаа во Њујорк, Вашингтон и во Пенсилванија.
Во Светскиот трговски центар, 2.763 загинаа откако двата авиони удрија во кулите близначки. Таа бројка вклучува 343 пожарникари и медицински лица, 23 полицајци во Њујорк и 37 полицајци кои се бореа да ја завршат евакуацијата на зградите и да ги спасат канцелариските работници заробени на повисоките катови.
Во Пентагон, загинаа 189 луѓе, од кои 64 на летот 77 на Американ Ерлајнс, авионот што ја погоди зградата. На летот 93, 44 лица загинаа кога авионот падна во Пенсилванија. До 2018 година, на 10.000 луѓе им беше дијагностициран рак поврзан со 9/11. Од 2001 до 2004 година, над 7 милијарди долари како компензација беа дадени на семејствата на жртвите од 11 септември и на 2.680 лица повредени во нападите.
Тогашниот претседател Џорџ Буш вечерта по нападите изјави:
– Терористичките напади можат да ги разнишаат темелите на нашите најголеми згради, но тие не можат да го допрат темелот на САД. Овие дејствија разбиваат челик, но тие не можат да го нарушат челикот на американската решителност.
Во врска со евентуалниот воен одговор на САД, тој нагласи:
– Нема да правиме разлика помеѓу терористите што ги извршија овие дејствија и оние што ги засолнуваат.
Операцијата Трајна слобода, меѓународни напори предводени од САД за соборување на талибанскиот режим во Авганистан и уништување на терористичката мрежа на Осама бин Ладен, со седиште таму, почна на 7 октомври. Во рок од два месеца, американските сили ефикасно ги отстранија талибанците од оперативната моќ.
Мајкрософт, Амазон, Гугл, Фејсбук и Твитер заработија повеќе од 44 милијарди долари благодарение на договорите со американската влада како дел од „војната против тероризмот“ по терористичките напади на 11 септември 2001 година, открива извештај на невладина организација. Извештајот, објавен од Action Center on Race and the Economy, MPower Change i LittleSis, открива дека неколку американски агенции и министерства работат се повеќе со овие технолошки компании повеќе од 15 години.
Амазон го зголеми бројот на договори во 2019 година за речиси петпати, и Мајкрософт за осумпати во споредба со 2015 година “. Воените договори потпишани од Мајкрософт се зголемија за речиси шест пати од 2016 до 2018 година. Што се однесува до Амазон, „86 проценти од договорите со владата од 2004 година се со агенции кои одиграа централна улога во светската војна против тероризмот“, уверуваат авторите.
Од 2004 година, Пентагон потрошиле 43,8 милијарди долари за услугите на американските технолошки гиганти. По нив следуваат Министерството за внатрешна безбедност (348 милиони), Стејт департментот (258 милиони), Дирекцијата за општи услуги (244 милиони) и Министерството за правда (138 милиони), се вели во извештајот.
Талибанците повторно владеат со Авганистан додека во заливот Гвантанамо, обвинетиот организатор на 11 септември, Калид Шеик Мохамед и уште два мажи, и по 23 години сè уште го чекаат судењето, години по поднесувањето на обвиненијата.
Во август годинава јавноста во САД остро реагираше на најавите дека обвинетите ќе можат да се спогодат со обвинителството за да ја избегнат смртната казна. Оваа судска одлука беше повлечена од страна на Секретарот за одбрана Лојд Остин.