180.000 НОВИ ВОЈНИЦИ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМАТ РАБОТАТА НА „ВАГНЕР“ Русите спремаат нов штит околу Бахмут и источните жаришта

Череватиј ги нарече новите војници „прилично моќна група“ која вклучува „воздушни и механизирани единици, борбени резервни единици „Барс“ и припадници на новата воена компанија „Сторм З“, која, како што рече, регрутираат луѓе со криминални досиеја.

2,540

Повеќе од 180.000 нови војници распоредени на двата главни источни фронта во Украина ќе треба да бидат замена за војниците на „Вагнер“, на 100 километри од Бахмут, неодамнешното клучно жариште во војната.

Ова за Си-Ен-Ен го изјави Серхи Череватиј, портпаролот на источната група на украинските вооружени сили.






– Повеќе од 180.000 руски војници се распоредени во областа на одговорност на источната група на сили… Фронтот Лиман-Купјанск е подолг, поради што непријателот ги концентрира своите сили таму – рече Череватиј во интервју за украинските медиуми во понеделникот.

Череватиј ги нарече новите војници „прилично моќна група“ која вклучува „воздушни и механизирани единици, борбени резервни единици „Барс“ и припадници на новата воена компанија „Сторм З“, која, како што рече, регрутираат луѓе со криминални досиеја.

Во меѓувреме, со бавно темпо се одмотува украинската контраофанзива кон југ. Според генералот Олександр Сирски пак, Русите „очајно се држат за позициите и упориштата што некогаш ги окупираа Вагнеровците“.

– Непријателот се обидува да ги префрли единиците на најопасните правци за контранапади, обидувајќи се да ја дестабилизира ситуацијата, да предизвика загуби на Украина и да ја наруши логистиката на одбранбените сили – рече Сирски за украинската „Правда“, додавајќи дека „заканата од непријателски офанзивни дејства од Бахмут во правец на Часив Јар останува“.

 

Пред една недела борците на компанијата „Сторм З“ го обвинија лидерот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин дека „побегнал“ откако постигнал договор со Владимир Путин. На видеото војниците стојат држејќи оружје, а еден од нив го нарекува Пригожин „стаорец“.

– Целата фирма „Сторм З“ беше подготвена да тргне во акција за тебе. А ти, се испостави дека не си маж. Стаорец. Нема друго име за тебе – вели еден разочаран борец, според видеото што го сподели Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Череватиј рече дека конкретно на бојното поле во Бахмут има околу 50.000 руски војници.

Во меѓувреме, Хана Маљар, заменик-министерка за одбрана на Украина, пријави чести судири кај Бахмут.

„Ситуацијата се менува многу брзо. Контролата врз истите позиции може да се изгуби и да се врати два пати на ден, напиша Малиар на Телеграм.

Познатиот американски тинк-тенк, Институт за проучување на војната(ИСВ), напиша дека украинските сили постигнале многу мал, „маргинален напредок на 3 јули“ во своите контраофанзицни операции во најмалку четири сектори на фронтот.

 

 

Поврзани содржини