ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ СО 40-ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕД Србинка патува сама, спие во шатор, дневно троши до 5 евра (ВИДЕО)

Велосипедот ѝ бил стар 40 години, со осум брзини, немала никаква поддршка.

673

Снежана Радоичиќ, или како што таа се нарекува велосипедистка номадка стана една од најголемите српски авантуристи на сите времиња. Таа пропатувала 56.000 километри со велосипед, сама, спиејќи во шатор, а живеела со буџет од само 5 евра дневно.

Велосипедот ѝ бил стар 40 години, со осум брзини, немала никаква поддршка.






Имало ноќи кога температурите се спуштале и до -10. Всушност, почнувајќи од 2011 година, за 11 години Снежана, со сите кружења поминала речиси 80.000 километри, се тврди во видеото кое таа го постирала на Инстаграм.

Може да се забележи и дека патеката на возење не е баш најлинеарна.

Сега се подготвува за Пацифик „Wrest Trail“, за да помине пешачка патека од 4300 километри. Таа е во потрага по спонзори за нејзините идни подвизи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eko Straža (@ekostraza)

Поврзани содржини