10 ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ НА ИДНИНАТА Дали и тогаш ќе владеат „злобните“ капиталисти?
Замислете да имате референдум за секоја одлука на владата во реално време, онлајн, преку виртуелна платформа, сега и овде?
Не е лесно да се замисли како би изгледала политиката во иднината. Се будите еден ден и вештачка интелигенција ви управува со државата, роботите и киборзите се посебна заедница и бараат свои права и слободи, а наместо пари имате криптовалута – една меѓу илјадниците.
Луѓето се дигитални земјоделци – сами одгледуваат храна и сами 3Д-принтаат облека – а не се вработени, туку примаат социјално – затоа што во Матриксот трудот малку се плаќа! Тој што работи го прави тоа од дома и е сам своја фирма. Сиромаштијата е искоренета, но не и корупцијата. Луѓето имаат сѐ, науката цвета, а сепак општеството личи на некој нов среден век…
Го прашавме Чат ГПТ да ни каже кои се можните политички системи на иднината. Тој како од пушка извади десет можни системи кои навидум ќе го заменат капитализмот, но и социјализмот.
Технократска конфедерација
Oва би било општество управувано не од владата, туку од мрежа на вештачката интелигенција и експертски алгоритми. Одлуките ќе се носат врз основа на анализа на податоци, оптимизирање на распределбата на ресурсите, одржливоста и општествената благосостојба.
Зголемена директна демократија
Замислете да имате референдум за секоја одлука на владата во реално време, онлајн, преку виртуелна платформа, сега и овде? И ако не успее, тогаш одлуката не поминува. Ќе се гласа преку нервни импланти. Ова би требало да биде подемократско од демешната демократија.
Самодоволни комуни
Според Чат ГПТ комуните би биле можни преку нанотехнологијата и напредната автоматизација. Ресурсите ќе се споделуваат правично, а поединците ќе придонесуваат за општеството врз основа на нивните вештини и страсти.
Внимателна анархија
Во оваа анархија приоритет би биле личните слободи и нехиерархиските општествени структури. Системите за виртуелна реалност и напредните комуникациски технологии би поттикнале децентрализирано одлучување и доброволна соработка.
Космополитска федерација
Ова е слично на Федерацијата од Стар Трек. Управувањето се заснова на принципите на меѓуѕвездена соработка, заемна помош и културна размена. Ова би било можно поради тоа што би била откриено патувањето со брзина поголема од онаа на светлината. Тоа ќе направи да можеме да „скокнеме“ до другите галаксии во нашето вселенско маало.
Меритократија со нервни импланти
Меритократија е идејата дека секој треба да биде платен толку колку што се неговите реални вештини, способности и образованост кои ќе се тестираат. Во оваа нова идеја, сите државни функции или позиции во фирмата се одредуваат според резултатите од тестирањето. Истовремено, преку импланти и достапни чипови сите граѓани ќе можат да ja зголемат својата интелигенција за да се натпреваруваат на пазарот.
Сензитивна екологија
Во овој систем со човештвото владеат организми кои се генетски, односно биоинженирани. Тие имаат чувство за заедништво, односно колективна свест. Тие гледаат на човештвото како на екосистем кој треба да биде во симбиоза преку саморегулирање. При одлучувањето ќе се има предвид благосостојбата на целата планета.
Добриот и совесен капитализам
Идејата е дека капитализмот може да стане почовечен преку напредната вештачка интелигенција и преку блокчејн технологиите кои ќе ги револуционизираат економските системи. Корпорациите одеднаш пројавуваат повисока цел надвор од профитот и почнуваат да работат кон одржливост, социјална правда.
Чат ГПТ пишува и дека овој систем е дел од сегашните трендови и моди особено поради популарноста на блокчејн-технологиите.
Утописки анархосиндикализам
Овојпат децентрализираните заедници со напредни системи за комуникација и координација практикуваат самоуправување преку доброволни здруженија и кооперативни мрежи. Ресурсите и моќта за одлучување се распределуваат меѓу населението.
Квантна демократија
Квантните компјутери преку нивните пресметки ќе овозможат нов револуционерен процес на донесување одлуки. На пример, компјутерот ќе може да најде совршен компромис за некој спор меѓу држави или меѓу поединцо, така што да не преовладее ниту мнозинската волја, ниту диктатот на малцинствата или поединците. Вин-вин. Победа за сите, сега и овде.