10 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ Од кога се користи венчалниот прстен
Секогаш е добро да ја тестираме меморијата, но и да научиме нешто ново.
Секогаш е добро да ја тестираме меморијата, но и да научиме нешто ново. Сумираните занимливости во разни форми се одлична можност за љубопитните умови. Еве некои интересни факти кои ги избравме за вас во оваа прилика:
– Секоја година, удар од гром убива 24 000 луѓе низ целиот свет.
– Овците имаат видно поле од околу 300 степени, што им овозможува да гледаат зад себе, а притоа да не ја свртат главата наназад.
– Хакерите во 1999 година откриле сигурносен пропуст во хотмејл, што им овозможило да се пријават на било кој хотмејл профил со помош на лозинката „eh“.
– Францускиот јазик повеќе од 300 години бил официјален јазик во Англија.
– Најголем град на светот до кој не може да се стигне по копнен пат е Икитос, Перу. Сместен е длабоко во амазонските дождовни шуми, а во него живеат повеќе од 400 000 луѓе.
– Култниот трилер и првата книга на Стивен Кинг „Кери“ била одбиена дури 30 пати, на крајот Кинг ја фрлил во ѓубре. Но, неговата сопруга ја извадила и го охрабрила повторно да започне да ја праќа на издавачите. Кинг наскоро станал познат како еден од најпродаваните автори на сите времиња.
– Папата Николај I во 860 година го прогласил венчалниот прстен задолжителен при склучување брак.
– На почетокот на кариерата, изведбите на Чарли Чаплин биле одбиени од бројни студија, опишувајќи ги како „премногу бесмислени за кога било да се продаваат“.
– Во 16 век, лекарите во Европа на пациентите им советувале да пушат тутун против тумори и лош здив.
– Масабуми Хосоно бил единствениот Јапонец кој го преживеал бродоломот на „Титаник“. Кога конечно се вратил дома во Јапонија, привремено ја изгубил работата, а новинарите го нарекле кукавица. Учебниците го опишале како нечесен и неморален.