ВЕТО САМО ВО ФИНИШОТ, НЕ ВО ТЕКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ Предложената реформа на процесот на проширување на ЕУ може да биде решение и за проблемот на Македонија

Бугарија, како и секоја друга членка, би ја задржала можноста да го спречи конечниот прием на Македонија. Практичната корист од предложената промена на „правилата на играта” би била во намалувањето на можностите за блокирање на земјите аспиранти во текот на преговорите, со што реформите би добиле поголема тежина во одлучувањето за напредокот.