херој на нашето време Archives - plusinfo.mk

Херој на нашето време
Молам за трпение и за должно внимание, почитувани читатели. Оваа приказна не може да се раскаже набрзинка. Барем јас не можам. И не сакам. Е сега, кој нема трпение, подобро веднаш да се откаже од читање …

Сторијава, што ја озаглавив со насловот на познатиот роман „Херојот на нашето време“ на Михаил Лермонтов, се отвори на еден чуден начин. Средувајќи го мојот двор, во кој своевремено редовно никнуваа разни документи и белешки поврзани со новинарските статии за таканаречените „високопрофилни“ случаи на некогашното трагично нископрофилно Специјално јавно обвинителство, деновиве наидов на еден нов, а сепак стар документ. Нов е зашто прв пат го гледам. Веројатно сум го затурил во некое ќоше, во некој стар, заборавен фолдер …

Документот носи наслов „Службена белешка“. Напишан е од двајца истражители на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Познато како СЈО. Белешката е поврзана со две шифри, НСК.РО.бр. 48/16 и НСК.РО.бр.49/16, кои се однесуваат на предметот „Мал Ринг“. Носи датум 22.06.2016.

Битката за „Шпански скали“ во филмот на инспекторот Кочо

Врз основа на дадени насоки од јавната обвинителка Лиле Стефанова – се вели во Службената белешка – во врска со оформени предмети поврзани со изградба, доградба и надградба на објекти и реконструкција на фасади на објекти, лоцирани во централното градско подрачје „Мал Ринг“, Скопје, на ден 21.06.2016 година, во времето од 11.00 до 13.00 часот, во службените простории на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, бил обавен разговор со лицето Кочо Стојчески, раководител на сектор за инспекциски работи во општина Центар.

Стојчески им зборувал на истражителите за проектот „Шпански скали“, за Офицерскиот дом и за „хотелскиот комплекс“ на плоштадот Македонија. Го разврзал јазикот и спомнал многу звучни имиња. Во ова време денешно веќе го разбираме неговиот минхаузеновски манир, но на тој топол јунски ден пред 10 години на луѓето на Лиле Стефанова приказните на инспекторот Кочо веројатно им се чинеле како супер бинго. Иако, за волја на вистината, истражителите не биле наивни и во повеќе наврати ги нарекле „непотврдени сознанија“.

Така, од нашиот јунак Кочо Стојчески биле добиени „непотврдени сознанија“ дека градежното земјиште на просторот помеѓу „Сити Галери“ и ресторанот „Пелистер“ било планирано да биде продадено на Гоце Камчев, сопственик на КАМ маркети и чичко на Орце Камчев, меѓутоа на лицитацијата се појавила и фирмата „Амадеус груп“, сопственост на албански државјанин со живеалиште во Франција, која дала највисока понуда и победила. Сите кои го познаваа покојниот Гоце Камчев веднаш ќе сфатат дека Стојчески уште на самиот почеток на двочасовниот разговор прописно ги шетал по ќерамиди луѓето на Лиле Стефанова …

Но, мора да се признае дека Кочовата верзија на настаните е филмска, како некаков истражувачки документарец на „независна“ продукција платена од МРТВ. По склучувањето на Договорот со Министерството за транспорт и врски, во теленовелата „Шпански скали“ се појавуваат тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески и тогашниот премиер Никола Груевски. Бил направен обид – вели Кочо – за проширување на маркицата од 1.000 метри квадратни, на која требало да се изгради приземен објект со три ката, со фамозните „Шпански скали“, додадени на истата маркица.

Потоа Стојчески им објаснува на истражителите – ги замислувам со зинати усти и со трикотажни бели маици испотени под мишките – како со ослободување на 50% на комуналиите за објектот на фирмата „Амадеус груп“, требало да се обезбеди изградбата на „Шпанските скали“. Потоа Општина Центар издала Одобрение за градба на објектот П+3, на површина од 1.000 квадрати, на кое е споен и делот за „Шпанските скали“, како партерно уредување на просторот.

И којзнае што би било кога би било, да не се случело нешто непредвидено – Советот на Општина Центар, во јули 2015 година, донел одлука за стопирање на градби во „Мал Ринг“ до крајот на истата година, со образложение поради туристичката сезона. Денес, замислените „Шпански скали“ ги нема, но затоа ја имаме приказната на Кочо.

Андреј Жерновски жестоко оцрнет во Кочовото болеро

По налог на обвинителката Лиле Стефанова, центарскиот инспектор за урбанизам бил запрашан и за „околностите за Офицерскиот дом и хотелскиот комплекс на плоштад Македонија“, се вели во Службената белешка.

Тука Кочо го враќа филмот до 2012 година и го поврзува Миле Јанакиески (наречен Миле Ми Текна) со познатиот Алек Теранова. Тие двајцата наводно преговарале со сопствениците на парцелата од 500 метри квадратни, па кога не успеале, тогашниот раководител на урбанизам во Центар, извесен Александар Јанакиески, наводно добил наредба да подготви измени и дополнувања на ДУП-от за „Мал Ринг“ и на наведената парцела да испланира градба на фонтана. Тука се вклучила и планерската куќа „Инпума“. По многу перипетии, за кои Кочо детално раскажува, новиот ДУП за Центар е донесен со измените и дополнувањата на крајот на 2012 година. Нејсе, важно е што тој Александар Јанакиески, според Кочо Стојчески, бил под директно влијание на Миле Јанакиески, Никола Груевски и на Орце Камчев.

Но, чекајте, тоа не е сè!

Од тој момент, како lupus in fabula, или по нашки – како вол во купус, влетува Андреј Жерновски, тогашниот нов градоначалник на Центар. Жерновски го поставува Кочо за раководител на инспекциски работи, а тој, пак, веднаш го информирал градоначалникот дека одобрението за градба за Офицерскиот дом и за хотелскиот комплекс можело да се поништи. Арно ама, по тој разговор – ако му се верува на Кочо, што баш и не е лесно – Жерновски му ги одзел овластувањата на инспекторот, ги поминал измените и дополнувањата на два ДУП-а за Водно и три месеци подоцна му ги вратил.

Сега следува најинтригантниот дел од Кочовото болеро Historia de un Amor!

Кочо Стојчески на истражителите им рекол дека „во комуникација со Ратко Капушевски, управител на фирма на Сергеј Самсоненко, му било кажано дека околу 80.000 евра му се дадени на градоначалникот Жерновски за ослободување на плаќање комуналии за два објекти лоцирани во Градски парк, во близина на градски стадион, на вкупна површина од околу 14.000 метри квадратни, која Самсоненко ја купил од Република Македонија за цена од 40 евра за 1 квадрат“. Бреј!

Кметот на Центар зел милион евра и од Орце, људи моји па јели то могуче?!

Но и тоа не е сè!

Верувале или не, истражителите од фамозниот Кочо добиле „непотврдени сознанија“ дека „градоначалникот Жерновски бил во добри релации со Орце Камчев, со кого остварувале тајни средби надвор од РМ и дека за различни услуги што ги вршел Жерновски, Камчев му има исплатено на различни начини околу 1.000.000 евра, без притоа да прецизира на кој начин се исплаќани и за каков вид на услуги се исплаќани“.

Кочо Стојчески на истражителите на обвинителката Лиле Стефанова им раскажувал бајки и за купувањето на градежното земјиште на плоштад Македонија на кое е изграден хотелот „Мериот“, како и за постапката за добивање одобрение за градба и за самото градење на хотелот. Но, во тој дел од приказната баш и нема спектакуларни минхаузеновски детали, за да ве забавувам.

Ај доста е со овие рекла-казала муабети… Добар дел од нив своевремено беа опишани во спектакуларните јавни настапи на „Чарлиевите ангели“ од СЈО и во годините потоа не се потврдија со правосилни судски пресуди. Тоа е така, затоа што СЈО своите случаи ги градеше со „непотврдени сознанија“, со измислени приказни и без докази, додека шефицата Катица Јанева собираше рекет, а нејзините обвинители добиваа незаконски бонуси…

Сите фирми во бизнис империјата на Кочо Стојчески

Нејсе, доаѓаме до фокусното прашање на оваа сторија – кој е тој Кочо Стојчески?

Кој е тој херој на ова наше време-невреме, тој урбанистички инспектор Мегре што ги знаел сите марифетлуци, сите дупки и дупови, сите возможни и невозможни врски меѓу главните скопски фаци, сите тајни поткупи за кои од него обвинителката Лиле Стефанова добила „непотврдени сознанија“? Со кои, да имало правда тогаш кога Заев го отвораше „суството“ како пупка, таа можела само да се забрише, знаете каде…

За овој лик во повеќе наврати пишуваа порталите Призма, Фактор и други. Но, сепак ќе се изненадите, како што се изненадив и јас, кога дојдов до официјални и легално достапни податоци за бизнисите на спомнатиот главен лик на Службената белешка.

Кочо Стојчески е сопственик на фирмата СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, регистрирана на адреса во Центар и основана во 2011 година. Добро упатени извори велат дека оваа фирма во своето портфолио има неколку изградени објекти во Скопје.

Пред да ја основа таа фирма, во 2006 година Кочо Стојчески се појавува како управител на СКОПСКО ПОЛЕ ДООЕЛ ’Ржаничино, Општина Петровец.

Пет години пред тоа, во 2001 година, Кочо се појавува како единствен содружник во Друштвото за угостителство, туризам и трговија МОНТАНА БИЗНИС ДООЕЛ Крушево?

Кај е хотелот „Монтана“, таму е и скијањето. Од 2010 година, Кочо Стојчески е основач-сопственик на Друштвото за туризам и угостителство СКИ ЦЕНТАР ПАНОРАМА увоз-извоз ДООЕЛ Крушево.

Од 2014 година, пак, Стојчески е содружник во МКМ ЕКСПРЕС ДОО Скопје, фирма која се занимава со изградба на станбени и нестанбени објекти.

Од 2021 година, Кочо е содружник во фирма која се занимава со управување на недвижен имот, која се вика – погодувате веќе – СПЕЦИЈАЛ ОФИС КМ ДООЕЛ.

Од февруари 2022 година, Стојчески е основач-сопственик на Друштво за производство, трговија и услуги СИДРА М.Т.В. ДОО Скопје.

Таа 2022 година била особено плодна за Кочо Стојчески. Во октомври во легендарното ’Ржаничино, Општина Петровец, „никнала“ неговата нова фирма, СКОПСКО ПОЛЕ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ, која се занимава со производство на електрична енергија.

Одиме сега пак кон славното Крушево…

Кочо Стојчески некако е поврзан и со Планинарскиот-велосипедски клуб ПАНОРАМА БАЈК, регистриран како спортско здружение. Немам податок кое е неговото својство во ова здружение.

Но, тој е основач-сопственик и на крушевската фирма СПЕЦИЈАЛ ВРАТИ ДООЕЛ, основана во јануари 2022 година.

Градба, врати … А мебел? КМ МЕБЕЛ СПЕЦИЈАЛ ДООЕЛ Крушево е фирма од септември 2022 година, која се занимава со производство на мебел. Стојчески е основач-сопственик.

Една ваква импресивна бизнис-империја мора да се расправа со многу сметки и пресметки. Веројатно затоа Кочо Стојчески својата успешна 2022 година ја крунисува со основање фирма за сметководствени и ревизорски работи и даночно советување, која се вика – нормално – СПЕЦИЈАЛ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ.

Ако нешто сум заборавил од богатото бизнис портфолио на овој човек, се извинувам.

Кога те бидува, за сè те бидува!

Не го познавам лично овој „специјалец“ во бизнисот и во урбанизмот, овој лик кој ете нашол малку време, покрај редовните обврски во фирмите и во Општина Центар, на истражителите на обвинителката Лиле Стефанова да им раскаже неверојатни пикантерии за наводни корупциски релации меѓу познати ликови од политичката и од бизнис елитата.

Некој ваквото смело соопштување „непотврдени сознанија“ и овие жестоки обвинувачки наводи за директен поткуп (како во случајот на кутриот Жерновски, на пример), би ги нарекол класично цинкање, клеветење и денунцирање.

Некој друг би додал дека можеби тоа бил начинот на кој овој лик успеал да создаде една мала, а сепак за пошироката јавност невидлива бизнис империја.

А некој трет, пак, би се посомневал и дека тоа што еден ваков бизнисмен, сопственик и управител на фирми се нафатил да биде агилен општински инспектор за урбанизам, можеби било од лукративни мотиви, на чудесен начин поврзани со неговите бизниси.

Некој, да … Но не и јас!

Јас цврсто верувам дека Кочо Стојчески е еден вреден, способен и посветен човек.

Ербап, бе!

А кога еден човек го бидува, го бидува за сè!

Гледате и самите, овој човек е вистински специјалец во бизнисот, како што, впрочем, кажуваат и повеќето имиња на неговите фирми. Не е тоа случајно…

Човек кој се кренал од Крушево до славно ’Ржаничино, Општина Петровец, да вирее во бизнисот – како пиреј! – па да произведува од жито до врати и мебел, од игла до локомотива, да води сметководство и даночно да советува, за во еден значаен период од својот живот да го инспектира урбанизмот во најурбаната скопска општина Центар, еден таков човек, простете, за мене е – херој на нашето време!

Такво си е ова наше време-невреме. Како создадено за вакви херои како Кочо Стојчески, главниот јунак на Службената белешка напишана пред точно десет години, на 22.06.2016 година.

Што е сега? Нешто ми мрчите. Мислите дека денес е поинаку?

Не, почитувани читатели, секое време си има свои херои. Само ние или не ги гледаме или не сакаме да ги видиме. До нас е…

The post Херој на нашето време appeared first on plusinfo.mk.