📽️ ПЕЛИКАН СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ДВЕ НЕДЕЛИ СКИТАЛ КАЈ ДОЈРАН Рибарите му сервираа риба, ветеринар го крена на нозе

Птицата била погодена со сачмарка под крилото, а раната веќе заздравувала. Ветеринарот не открил скршеници, ја исчистил раната и му дал антибиотик. За птицата е обезбедено и посебно место на крајбрежјето. Таму ќе може редовно да добива риба додека закрепнува.