МАЛОЛЕТНИК ГО ПРИЗНАЛ УБИСТВОТО ВО ПРИЛЕП Во неговиот дом во Сенокос се најдени предмети со кои е убиено 14-годишното момче

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.