Атанас Кировски, Author at plusinfo.mk

Холивудската Одисеја
„Одисеја“ на Кристофер Нолан е филмот за кој најмногу се зборуваше ова лето. Безброј стручни и критики од публиката со дијаметрално спротивставени гледишта за квалитетот на филмот. Од обично холивудско ѓубре, преполно со маркетинг трикови за подобра продажба на кино благајните, до уште едно ремек дело на Крис Нолан, без сомнение еден од најголемите режисери на денешнината.

Уметничката доживелица е субјективен одраз на објективната стварност. Може да ви се допаѓа или не. Може да барате деконструкција на митовите, создавање на нови митови базирани на грчката митологија и Хомер, може да правите аналогии за војната како увертира на пропаста на вредностите и цивилизациите, може едноставно да кажете лош филм, прилагоден на денешната публика која бара површност, спектакл и не сака премногу да се занимава со филозофски теми и подлабока суштина.

Но, бројките не лажат. Филмовите се прават за публиката, за гледачите. Во таа смисла „Одисеја“ е огромен успех. Стана блокбастер, втор по успех во 2026 годона, зад новиот „Спајдермен“, со заработка од дури 1,3 милијарда долари само од продажба на кино билети.

Со тоа Одисеја ги надмина „Темниот витез“ и „Успонот на темниот витез“ од Нолановата трилогија за цртаниот суперхерој Бетмен и стана комерцијално најуспешен филм на Нолан.

Тука зборуваме за бројки, а тие никогаш не лажат и не можат да бидат предмет на субјективна интерпретација. Филмот едноставно беше хит на летото и оствари огромна заработка.

Токму тоа е и суштината на филмот на Нолан. Да стане холивудски блокбастер и да заработи пари, за него лично, за неговата сопруга која е продуцент, за студиото Универзал, за актерите кои играат во филмот и за сопствениците на кино салите. Досега во 2026 Бокс офисот во САД инкасирал 4,4 милијарди долари. Од тоа 3,4 милијарди отпаѓаат на Спајдермен и на Одисеја.

Пари на Бокс офис. Ништо повеќе. Одисеја е филм за суперхерој и неговите доживувања, како што се Спајдермен или Бетмен. Совршена комерцијализација и банализирање на еден прекрасно напишан еп.

Не е случајно што еден од главните ликови во филмот – синот на Одисеј го игра Том Холанд, а божица Атина ја игра Зендаја. Двоецот му донесе заработка од две милијарди долари на новиот „Спајдермен“ за само 17 дена! Голем дел од таа нова публика, откако го изгледа „Спајдермен“, посака да оди во кино и да гледа уште еден филм со нивните двајца омилени актери, славниот пар Том Холанд-Зендаја, а тоа е Одисеја. Суперхеројот што го игра Мет Дејмон не им е познат од американската стрип култура, но се бори против киклопи, вештерки, сирени, бури, лукави негативци (Роберт Патинсон), сè она што му треба на еден акциски филм за суперхерој.

Во филмовите за суперхероите нема простор за изградени женски ликови. Затоа божица Атина е безмалку непотребна во филмот. Имате впечаток дека додека се снимал филмот Зендеја залутала на сет, нешто се мувала околу глумците и никој не се сетил да и викне „Девојче побогу тргни се оттука, па нели гледаш дека снимаме!“

Шарлиз Терон која е извонредна глумица, целосно се загуби во улогата на Калипсо. Не е сосема залутана на сетот, ама и не знае што ѝ е улогата и што треба да прави. Главниот лик е Ен Хатавеј која ја толкува Пенелопа. За нијанса подобра од другите два женски лика, но исто слаба.

Посебно смешна е сцената кога Одисеј распрашува локално население за да го пронајде патот кон дома. Мет Дејмон му зборува на локалецот на англиски, овој му одговара на грчки. Публиката која не знае многу за Одисеја, сосема легитимно може да мисли дека Одисеј зборувал англиски со американски акцент, а таму некои дивјаци му одговараат на некој непознат јазик – грчки. Навистина не знам зошто му беше ова потребно на Нолан. Но, за да биде фијаското поголемо, локалецот му одговара на новогрчки и тоа на говорот на пјацата, како што зборуваат во Солун на пазар. Барем да се обидел да вметне автентичен говор од старогрчкиот, од јазикот на кој што пишувал Хомер.

Двата лика и Мет Дејмон и локалецот збруваат на јазик непознат за Хомер кога ги пишувал Илијадата и Одисејата. Исто како што Хомер му остана непознат на Нолан и на холивудските продуценти кои го позјамија прекрасно напишаниот еп, за да направат мешавина од неуверлива акција и мелодрама за новиот суперхерој со античко име Одисеј.

Заработените долари веројатно оправдуваат сè. Па и такви наивни будалаштини, многу под нивото на Нолан.

The post Холивудската Одисеја appeared first on plusinfo.mk.

Избори, анкети и ПР стратегии
Официјално стартуваше изборната кампања за претседателските избори, но нема никаков сомнеж дека паралелно со тоа оди и кампањата за парламентарните избори. Ова секако не му оди во прилог на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски кој евентуалната шанса на изборите ја има како актуелен претседател на сите граѓани, дистанциран од брендот на СДСМ кој на овие избори настапува со незапаметено оштетен бренд и се наоѓа пред веројатно најлошиот изборен резултат што било кога го остварила оваа партија.

Пендаровски се обидува да искомуницира пораки дека неговиот мандат беше натпартиски и дека бара втор мандат за да биде токму таков претседател, но тие пораки се преклопени од жестока партиска кампања, дуели на претставници на партиите од пониски ешалони, па се до самите лидери, заедно со традиционалниот фолклор како што се партиските митинзи и партиски медиумски препукувања. Кампањата за првиот круг од претседателските избори има целосен контекст на заземање подобри стартни позиции за парламентарните, отколку што е кампања за претседател на државата по себе, и тоа е проблемот на Пендаровски. Пред вториот круг и стартот на официјалната кампања за парламентарните избори овој амбиент само ќе се засили.

Една од главните теми се анкетите и лажните вести. СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека лиферува лажни анкети и дека има создадена цела ПР стратегија како да влијае врз расположението на избирачите со лажни анкети преку јавниот сервис. Подлога за тоа на СДСМ им е агенцијата која ги изготвува анкетите за МТВ ИПИС која отсекогаш важела за агенција блиска до ВМРО-ДПМНЕ, исто како и нејзиниот сопственик Владимир Божиновски. Но, се друго е спин.

Нема ниту еден доказ дека Божиновски кога и да е, изготвувал лажни анкети или ги штелувал. Човекот ги врши истражувањата и анкетите со децении и досега немало никаков скандал во смисла дека неговата анкета е спорна од аспект на методологијата во истражувањето, или дека влијаел врз резултатите добиени од истражувањата. Ако сакате да дискредитирате анкета, треба да докажете дека таа е методолошки неисправна и неиздржана, а не да тргнете со дисквалификации ад хоминем врз оној што ги прави анкетите.

Вториот проблем што го има СДСМ во наративот е што постојано вели дека се анкетите лажни, а дека ќе се видат вистинските резултати кои немаат допирна точка со истражувањата. Ако имате анкети со сосема поинакви резултати, зошто не ги обелоденувате? Таква една нихилистичка позиција дека сите анкети не чинат и се нарачани упатува порака дека Македонија, за разлика од целиот демократски и цивилизиран свет, нема капацитет да спроведе ниту едно релевантно истражување пред ибори?!?

Секако дека во Македонија има сериозни професионалци во оваа област и во сите изборни циклуси досега, анкетите кои се изработуваат главно со отстапување од плус-минус 3 проценти од резултатот, секогаш биле во маргините на статистичката грешка, значи сосема валидни и прецизни. Како главен уредник на Телма заедно со Рејтинг и Институтот за демократија сме објавиле десетици анкети и сите беа точни ! Зошто СДСМ не ги објави сопствените анкети? Нема сомнение дека голема владејачка партија прави анкети за сопствените потреби, а особено пред избори и тоа што СДСМ ги крие и не сака да се емитуваат во јавноста е показател дека тие битно не отстапуваат од анкетите кои се дадени на јавен увид. Една е позицијата се што гледате да дискредитирате и да етикетирате дека не чини, притоа без никаов аргумент дека истражувањата не се валидни, а сосема друга е да велите овие конкретни истражувања се неточни, еве ги нашите за кои сметаме дека се точни !

Оваа ПР стратегија на владејачката партија е целосно промашена. Особено од аспект дека овие избори се исклучително специфични, затоа што на две недели пред парламентарните избори ќе имаме резултат на првиот круг од претседателските кој ќе биде јасен параметар за тоа каква е популарноста на партиите кои ги поддржаа кандидатите.

Затоа и има седум претседателки кандидати на коалиции и партии кои водат агресивни кампањи, затоа што се свесни дека изборниот резултат од првиот круг на претседателските избори битно ќе влијае и врз парламентарните. Од тој аспект, голема е веројатноста на СДСМ да им се случи демистификација на наративот за лажни анкети што е проблем по себе, но уште поголем ќе биде шокот на избирачите кои можеби поверувале на наративот и очекувале поинаков резултат. Тоа ќе биде деморализирачки за вториот круг од изборите, што би можело да резултира со уште полош исход од оној што во моментов е проектиран.

Резултатот од првиот круг на претседателските избори ќе биде многу важен. Освен бројките, важна е и психологијата, затоа што голем дел од неопределените се приклонуваат кон миризбата на победата, и тоа партиите го знаат.

The post Избори, анкети и ПР стратегии appeared first on plusinfo.mk.

Ефектот од првиот круг на претседателските избори
Една од главните причини на 8 мај да се гласа едновремено за втор круг од претседателските избори заедно со парламентарните е претпоставката дека во таков политички амбиент ќе има далеку повисока излезност и дека полесно ќе се дотигне цензус за избор за претседател, што би елиминирало опасност од евентуална уставна криза. Освен што е политички и стратегиски корисно, ги намалува и трошоците, и секако одлуката е легитимна и полезна.

Но, се чини дека е многу потценет ефектот што првиот круг од претседателските избори ќе го има врз парламентарните.

Кандидатурата на Арбен Таравари како заеднички кандидат на здружената албанска опозиција го стесни маневарскиот простор на ДУИ за настап со евентуален заеднички кандидат со СДСМ, токму поради ефектот на првиот круг. ДУИ сосема оправдано страхуваше дека ако има само еден албански кандидат на претседателските избори, тој би повлекол добар дел од гласовите на етничките Албанци само врз основа на етничката припадност, што би го довело Таравари до бројка од 100.000 гласови, па дури и повеќе.

Психолошкиот ефект врз избирачите да се определуваат за победникот е многу силен и резултатот од првиот круг на претседателски избори ќе влијае и врз исходот на парламентарните. Во таква ситуација ДУИ ако немаше сопствен кандидат можеше дури и да ги загуби парламентарните избори, па едноставно беше принудена да исфрли свој кандидат. Да не заборавиме, дури и се појави размислување Али Ахмети да биде кандидатот на ДУИ и да одат „all in“ иако знаат дека Ахмети нема реални шанси за влез во вториот круг, токму заради ефектот врз електоратот од првиот круг на претседателските избори. На крајот сепак се решија за Бујар Османи.

Таравари и Османи ќе водат беспоштедна битка за секој глас и таму очекувам остра кампања, бидејќи исходот од таа пресметка во многу ќе го детерминира исходот на парламентарните избори. Огромна разлика е дали ДУИ ќе победи 16:10, 13:12, или дури и да загуби од опозицијата, што е малку веројатно. Соодносот на пратениците меѓу ДУИ и здружената опозција бездруго ќе има влијание и околу тоа, кој ќе биде во идната влада, иако можеби не и пресудно, затоа што се напушти моделот да коалицираат победник со победник.

Во македонскиот политички кампус е уште покомпликувано. Брендот на СДСМ е сериозно оштетен од слабото владеење и нема сомнение дека тие ќе имаат катастрофален резултат на парламентарните избори. Но, индивидуалниот рејтинг на Стево Пендаровски е подобар од оној на Гордана Силјановска и тоа недвосмислено го покажуваат и анкетите што јас имав можност да ги видам. Во ситуација кога на дел од корпусот на гласовите на кои традиционално смета десницата, пледира и Ванковска како кандидат на Левица и донекаде Стевче Јакимовски од ГРОМ, па дури и Максим Димитривески, навистина ќе биде предизвик за Силјановска да стигне до бројка од 350 000 гласови која според мене ќе и биде тежок таргет и покрај силното проопозициско чувство кај електоратот. Многу е важно за опозицијата Силјановска да има добар резултат во првиот круг од изборите.

Тоа нема да има пресудно влијание врз исходот од парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари комотна победа врз СДСМ изразена со разлика од минимум 20 пратенички мандати, а можеби и цели 25, но можно е да има влијание врз конечниот количник на распределба на пратенички мандати. Огромна разлика прави дали Христијан Мицковски како мандатар ќе преговара за состав на идната влада со 55 или со 50 пратеници.

Некои аналитичари сметаат дека клучот за успехот на ВМРО-ДПМНЕ е повисока излезност која во силно опозициско расположение партијата би ја ефектуирала на нејзино конто. Но, навистина сум скептичен дека тоа може да се постигне во услови на ваква политичка апатија. За ВМРО-ДПМНЕ се недостижни 454 000 гласови што ги освои партијата во 2016-та. И поради различното расположение кај електоратот и проектираната послаба излезност и поради поинаквиот политички спектар на партии и коалиции кои настапуваат на изборите.  Бројка што е блиску до 400.000 гласови би претставувала триумф за ВМРО-ДПМНЕ, но сметам дека тешко ќе ја достигнат, иако не е невозможно.

СДСМ ќе се бори да стигне до половина од гласовите што ги остварија во 2016-та кога имаа над 430 000 гласови. Но, слаби се шансите да стигнат до бројка од 215-220 000 гласови, иако нивниот лидер настапува со воскликот победа, победа ! Реалните капацитети на владејачката партија се околу 200. 000 гласови, па дури и помалку ако има слаба излезност. Тоа бездруго ќе ја отвори темата во партијата околу нејзината иднина  и нема сомнение дека потоа ќе им треба долго време за консолидација на социјалдемократите, ако воопшто успеат да се издигнат по нокаутот што им претстои на 8-ми мај.

The post Ефектот од првиот круг на претседателските избори appeared first on plusinfo.mk.

Магијата на големото платно
Годините на ковид пандемијата нѐ испозатворија дома главно пред телевизор. Не случајно во тој период платформата Нетфликс го доживеа својот бум, а неколку големи студија креираа сопствени стриминг платформи како Ворнер кој се здружи со Макс ТВ, Парамаунт плус заедно со линеарната телевизија Си-Би-Ес, Амазон, Дизни, а своја стриминг платформа направи и технолошкиот гигант Епл, кој влегува во продукција на сѐ поамбициозен контент. Во мода влегоа високобуџетни и квалитетни серии, во кои беа ангажирани најдобрите актери. Филмот и киното беа на умирање.

Но 2023 го врати филмот назад. Годинава на доделувањето Златни глобуси, БАФТА и најпрестижните – оскарите ја има можеби најдобрата понуда на врвни филмови, уметнички дела кои го слават филмот, како што немало со децении. Квалитетот на уметничките дела е, се разбира, субјективна категорија. Како човек што долги години страсно го следи филмот како голем вљубеник, а и со скромни обиди во сценаристичките и продуценстките води, ќе се осмелам да го дадам моето лично видување на најдоброто од филмот во изминатата година.

Бездруго без здив ме остави последниот филм на најзначајниот режисер на нашата епоха Кристофер Нолан, „Опенхајмер“. Станува збор за филм за научник од областа на квантната физика кој заработи една милијарда долари! Но, пред сѐ, станува збор за визуелен мастерпис и повеќеслојно врвно уметничко дело, каде што сите елементи на филмската уметност блескаат сами по себе, а како заедничка синергија се фантастично аудио-визуелно доживување.

Аудио, затоа што долгата тишина по експлозијата на атомската бомба и заглушувачкиот звук на експлозијата речиси цела минута подоцна, ја симболизира и пораката на филмот, одложениот ефект на грижата на совест на Опенхајмер, кој по грозничавата трка со Германците прв да создаде атомска бомба, отпосле осознава колку му се крвави рацете. Експлозиите, приказот на ѕвездите кои се самопроголтуваат од сопствената гравитација, мајсторската визуелизација на апстрактната физика и вселената ме оставија буквално без здив со огромен восхит кон Нолан и неговиот директор на фотографија Хојте Ван Хојтема, фаворити за оскари во категоријата режисер и директор на фотографија. Сето тоа надополнето со нестварно убавата филмска музика на Лудвиг Горансон, кој речиси сигурно ќе го земе оскарот за еден чудесен саундтрак, кој го прави Опенхајмер уште поубав.

Целата оваа комплескна, речиси невозможна задача да се визуелизира апстракцијата, притоа без да се посегне по компјутерските анимации, без SGI дури и за самата експлозија на атомската бомба. Капата долу, за реткиот мајстор каков што е Нолан, кој расте од филм во филм. Што да се каже за актерската игра? За посветеноста на Килијан Марфи кој научи холандски за куса секвенца од 30 секунди во филмот, ослабен и исушен, влезен целосно во ликот на Опенхајмер, или на маестралниот Роберт Дауни Џуниор кој со сигурност ќе го земе оскарот за споредна машка улога. Целиот ансамбл во Опенхајмер делува совршено. Заедно со Емили Блант, Мет Дејмон и споредните, но впечатливи улоги Кенет Брана како Нилс Бор или Гери Олдман како Хари Труман. Без дилема, филмот на годината, нешто што не сме виделе со години и којзнае кога повторно ќе видиме!

Во годината на големи филмски дела, „Бедни суштества“ на мојот омилен режисер Гркот Јоргос Лантимос ќе мора да биде второрангиран. Да не беше мастерписот на Нолан, бездруго ќе беше филм на годината. Нестварно убаво сниман, неверојатно раскошна визуелизација. Кај Нолан нема воопшто SGI, кај Лантимос пак, како контраст, има многу, но функционира беспрекорно. Зашеметени, не знаеме дали сме во викторијанска Англија или во некое идно време. Темата е повторно копнежот по ослободувањето како во неговиот мастерпис Dogtooth (Очник) снимен на грчки јазик, раскажан низ целосно аспурдна приказна. Впечаток е дека „Бедни суштества“ е „Очник“, сниман со многу пари. Но, на крајот на краиштата, уметникот создава само едно уметничко дело во својот живот, а сѐ друго е само варијација на тоа исто дело. Ема Стоун е фантастична, исто како и Марк Рафало. Режијата на апсурдот што стана препознатливост на Лантимос врвна. Не случајно доби 11 номинации за оскар, сите до една заслужени.

Да не заборавиме дека во годината што одмина со нов филм нѐ почести и големиот мајстор Мартин Скорцесе во кој повторно брилијира можеби најголемиот жив актер на денешницата Роберт де Ниро. Нема да нѐ честат уште многу, и двајцата се во деветтата деценија од животот, и двајцата заслужено номинирани за оскар, иако Скорцесе веројатно ќе загуби од Нолан во категоријата режисер, а Де Ниро од Дауни Џуниор за споредна машка улога. Филмот е еп за злостроствата на белиот човек врз Индијанците, целосен пресврт во наративот на Холивуд кој во времето на Џон Вејн и класичниот вестерн Индијанците ги прикажуваше како лошите, а геноцидот врз нив го оправдуваше како нешто природно, па дури и етичко.

Во 2023 го имавме и „Holdovers“ на Александар Пејн, симпатична сторија за вечниот однос професор – студент и жртвата што професорот треба да ја преземе врз себе за просперитетот на младите пред кои е животот. Досега најдобро актерско остварување на Пол Џијамати, а секогаш бил одличен.

„Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер е уште една приказна за холокаустот, но ужасот доловен дискретно, преку звуците во позадина од страдањата во логорот при сосема „нормалниот живот“ на семејството на управникот на Аушвиц Рудолф Хес чија куќа е залепена до Аушвиц.

И другите филмови номинирани за оскар на годината се значајни филмски остварувања кои доколку беше послаба конкуренцијата ќе беа и фаворити, но оваа година навистина ни го даде најдоброто од светот на филмот. Луѓето полека повторно се враќаат во кино салите. Имаше и зошто. И тоа е добро. И тоа за вистински филмови, затоа што модата на Марвел супер хероите одминува. Па дури и нека е за оној феномен Барби што заработи 1,5 милијарда долари само на кино благајните, а којзнае дали е филм…

The post Магијата на големото платно appeared first on plusinfo.mk.

Кога има клиентела, некој ќе го отвори дуќанот
На парламентарните избори во декември 2016 кога имаше голема мобилизација на избирачите поради острата политичка криза, ВМРО-ДПМНЕ освои 449.000 гласови, а СДСМ 434.000. По смената на власта, Преспанскиот договор и пазарењата со правдата за да се стигне до двотретинско мнозинство, големите разочарувања донесоа сериозна апстиненција. На следните парламентарни избори СДСМ освои 327.000 гласови цели 117 000 гласови помалку, а ВМРО ДПМНЕ освои само 315.000, дури 134 000 гласови помалку отколку во 2016. На изборите во 2020 само кај двете најголеми партии имаше 250.000 гласови помалку. Според анкетите и последните проекции, бројот на луѓето што ќе гласаат на овие избори, во најдобар случај е како оној во 2020. Гласовите не се прелејаа. Луѓето остануваат дома и не гласаат.

Апстиненцијата на избирачите и слабиот одзив е показател дека луѓето се уморни и разочарани од двете најголеми партии кои изминативе 30 години се менуваат на власт, а државата тапка во место, или поточно, се уназадува во сите сфери. Но, еден стар грчки политичар еднаш изјави дека „кога има клиентела, некој ќе го отвори дуќанот“.

Со други зборови, кога во Македонија би имало некоја сериозно организирана политичка структура, која би внела свежина и оптимизам на македонската политичка сцена, таа би имала потенцијал да освои огромен број на гласови од неопределните, поточно од разочараните кои најверојатно ќе останат дома на денот на изборите. Само кај разочараните од двете најголеми партии има резервоар од преку 250.000 гласови, а бездруго, има и други потенцијали кај неопределените, или кај оние што немаат намера да гласаат.

Засега тој празен простор не го исполнува ниту една политичка опција. Помалите партии на центарот се речиси целосно непрепознатливи и „проголтани“ од коалициите во кои или учествуваа или сега учествуваат независно дали станува збор за коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ. Има и некои крајно десничарски опции кои се или фракции на ВМРО-ДПМНЕ или се тотално нерелевантни.

Единствена партија која се обидува да го пополни овој очигледен вакум е Левица. Партијата идеолошки е поставена во „форма на потковица“, односно го зазема просторот и на екстремната десница со ултранационалистички ставови, и на екстремната левица со крајни политики околу социјалните трансфери и правата на работниците. Со последните истапи во Собранието во кои манифестираа насилство, и неодмерениот речник на лидерот на партијата кој упатува и отворени закани, го форсираат имиџот на екстремна партија, слично како што беше „Златна зора“ во Грција.

Левица од 12.000 гласови во 2016, се искачи на 37 .000 гласа во 2020. Но анкетите покажуваат стагнација, или сосема благ пораст кај Левица. Апасиев тврдеше дека му се случува „пасокизација“ на СДСМ, но Левица нема подем, барем според анкетите, и е далеку од тоа што Сириза му го направи на Пасок во 2015.

Трендот во цела Европа е во полза на екстремни партии, особено на крајната десница. Тоа го покажаа изборите во Италија, и особено последниот неочекуван резултат на изборите во Холандија каде што „Партијата на слободата“ на ултрадесничарот Герт Вилдерс од четврта партија според анкетите, стана убедлив победник на изборите, што предизвика шок и главоболка во Брисел и европските престолнини.

Како е можно да има толкава грешка во анкетите и ниту едно истражување да не му дава шанса за победа? Не станува збор за агенции за истражување на јавното мнение кои немаат искуство и квалитетна методологија за да направат веродостојни анкети. Станува збор за специфичен феномен, а тоа е луѓето што решиле да гласаат за екстремна опција да не се чувствуваат комотно да кажат дека би гласале за таква екстремна политичка партија.

Ако досега во изработката на анкетите, барем во Македонија, се правеа специфични кростабулации и се вметнуваа „скриени прашања“, за да се открие или барем претпостави бројот на скриени гласачи кои не одговараат искрено на прашањата на анкетите од страв дека по изборите би можеле да имаат некакви реперкусии, сега треба да се размисли за нов елемент во анкетите, а тоа е срам ! Колкав е бројот на луѓето што би гласале за отворена антиестаблишмент и радикална опција, кои не се чувствуваат удобно да кажат за кого би гласале, и дали воопшто може да се прават такви споредби меѓу Холандија и Македонија. Во секој случај станува збор за политички феномен кој е присутен, и бездруго ќе мора да се земе в предвид.

Геополитичката мапа на Европа се менува. Во Германија ултрадесничарите се втора партија. Во Франција, исто така расте поддршката за Ле Пен. Во Грција, освен триумфот на десницата во парламентот влегоа и три ултрадесничарски партии. Ксенофобијата и нетолеранцијата е новата политичка филозофија која доминира во Европа заморена и преоптоварена од бегалски кризи, кои поради климатските промени само ќе се засилуваат. Нема сомнение дека новиот европски парламент ќе сврти повеќе во десно, ќе биде поксенофобичен, и уште порезервиран кон проширувањето со Западниот Балкан.

Тешко е да се предиви во колкава мера европските политички трендови ќе се пресликаат во Македонија. Кај нас на изборите ќе преовладува друг специфичен однос кон Европа, а тоа е заморот од постојаните компромиси во надворешната политика со соседите во замена за некоја цел која постојано се поместува. СДСМ за прв пат победи на едни избори по цели 18 години во 2020, откако беше направен болниот компромис со промена за името. Луѓето некако го прифатија во замена за европска иднина. Но кога се натрупаа и купишта „методолошки“, па ирационални бугарски барања, а оваа влада ги прифати новите барања на Брисел/Софија, и згора на тоа не ја испорача правдата што ја вети, а на чиј лозунг „нема правда нема мир“ дојде на власт, на луѓето конечно им дојде преку глава.

Таа непринципиелна политика на постојани ирационални барања на сметка на послабиот и неиспорачување на ветувањата ќе го земе својот данок. Колку изјави од највисоки европски политичари се изнаслушавме – само направете договор со Грција и сменете го името, веднаш ќе почнат преговорите за ЕУ. Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018. Кога ќе се одржуваат изборите догодина во Македонија ќе изминат речиси шест години од договорот, а Брисел со истата мантра- направете ја само уште оваа отстапка, па ќе ги почнете преговорите.

The post Кога има клиентела, некој ќе го отвори дуќанот appeared first on plusinfo.mk.

Бавната смрт на македонските телевизии
На светско ниво линеарните телевизии постојано забележуваат пад во приходите, затоа што рекламерите се повеќе одат во дигитален маркетинг – пред се на големите платформи како ТикТок, Јутјуб, Инстаграм, Фејсбук и сл, или на големите стриминг платформи. Тоа ги принуди во овој сегмент да има големи промени и преструктуирања кои се случуваат од ден во ден, а во Македонија телевизискиот пазар и на ниво на концепт, и на поставеност, и на емитувани содржини е истиот со години.

Освен јавниот сервис со два основни, и неколку специјализирани канали, опстојуваат пет телевизии со национална терестријална концесија: Сител, Канал 5, Аласт М, Телма и Алфа. Има и 4 кабелски телевизии кои зрачат национално: Тв Сонце, Шења, Клан и ТВ 21, како и две телевизии со национална концесија кои се регистрирани како сателитски телевизии, ТВ 24 и Наша ТВ. И натаму опстојуваат и огромен број регионални и локални телевизии кои не ги исполнуваат ниту минималните критериуми за број на вработени и АВМУ одамна требаше да им ги одземе лиценците, меѓутоа, пред избори во Македонија тоа е тешко да се случи.

Прашањето е како сите тие опстојуваат на толку пренатрупан со телевизии пазар во држава со само 2 милиони жители, и релативно слабо стопанство, кое нема сила да го поддржи маркетинг секторот за толкав број на телевизии. Бездруго станува збор за уникатен парадокс, а згора на тоа, телевизискиот адвертајзинг од година во година се намалува. Еден од најголемите рекламери во овој сегмент во моментов само 25% од адвертајзингот го има на телевизија, со тенденција тие бројки дополнително да се намалуваат. Не толку одамна од вкупниот буџет за рекламирање, компаниите и маркетинг агенциите издвојува околу 80% од адвертајзингот за телевизиски реклами.

Станува звор за светски тренд и парадигма, ова не се случува само во Македонија. На пример, во сегментот на линеарната телевизија, гигантот Парамаунт забележа пад во адвертајзингот (продажба на рекламното време) од 14% во последниот квартал, а во претходниот квартал падот на приходите по основ на реклами изнесуваше 10%. Тука спаѓаат телевизиите Си-Би-Ес, Шоутајм, музичките канали МТВ, Комеди централ, БЕТ и Никелодеон. Парамаунт, освен од враќањето на публиката во кината по ковид пандемијата, живее од порастот во сегментот на стримингот, каде што достигна 63 милиони претплатници (2 милиони повеќе отколку во јуни минатата година) според последните податоци, што и не е многу, во споредба со гигантите за стриминг Нетфликс со 247 милиони претплатници или Дизни со повеќе од 105 милиони претплатници.

Откако беа укинати јавните кампањи на телевизиите – во јавноста познато како владино рекламирање, владата сметаше дека либералниот пазар и конкуренцијата сами ќе ја расчистат оваа сфера, односно дека ќе опстојат најуспешните и најквалитетните. Но, во Македонија, некако опстојуваат сите, освен наменски отворените телевизии кои имаа многу краток здив, како што беше Нова ТВ на Сеад Кочан или 1ТВ на Боки 13, кои обајцата завршија во затвор.

Со достапноста на стриминг платформите во Македонија, каде што предводат Нетфликс и Ворнер – ХБО, како и енромниот број на странски канали кои се реемитуваат во Македонија, за кои телеком операторите се изборија да може да реемитуваат без регулирани авторски права, македонските телевизии мака мачат да понудат уникатни содржини и контент што би можел да се носи со страшната, а без дилема, и нелојална конкуренција.

Во такви услови имаме ситуација водечката телевизија според рејтинзи Сител, да емитува 300 минути турски серии на ден, а втората телевизија Канал 5, дури и уште повеќе, дури 360 минути дневно турски серии! Освен едиции вести и дебатни емисии, нема никаква друга оргинална содржина. Вината за тоа бездруго е и во владата која ги укина стимулациите за производство на домашна играна документарна и сериска продукција кои одеа преку министерството за информатичко општество, и ги намали обврските за емитување на домашна продукција на 30% дневно, што доведе до оваа ситуација. Така Македонија е единствената земја во регионот, а можеби и во цела Европа, без сопствена играна сериска продукција, со години, освен продукцијата на серијата „Бистра вода“ што ја продуцираше Алфа.

Да не зборуваме за Србија која одамна е влезена во хиперпродукција на играни серии или Хрватска, дури и една Босна и Херцеговина има буџет од минимум 3 милиони евра годишно за продукција на сопствени серии. Нашите најдобри кинематографери и актери, одамна не работат во Македонија, туку работат во регионот, каде што има продукција.

Телевизиите и владата се надеваат страшниот финансиски притисок врз овој сектор да го ублажат со враќање на јавните кампањи за телевизиите, кои би требало да донесат дополнителни 5 милиони евра во овој сегмент. Од овие средства очекуваат спас многу помали телевизии, бидејќи нивните трошоци се сведени на минимум, а финансиската инјекција од буџетски пари за нив ќе биде повеќе од значајна.

Проблемот со ова решение, кое наскоро треба да се најде пред пратениците во парламентот, е што македонската влада ќе стане убедливо најголем медиа бајер на пазарот, што потенцијално може да влијае врз уредувачката политика на медиумите.

Што се однесува до владата, таа целосно закажа во реформите во медиумскиот сектор. Раководството во АВМУ е истото којзнае колку години, и не е во доменот на оваа анализа да влага во правна проблематика дали е тоа сеуште законско и легитимно или со одамна изминат мандат, исто како и раководството на МРТВ кое  е на чело на јавниот сервис барем 10 години. Оваа влада, не покажа ни минимум капацитет да влезе барем во минималните решенија што се однесуваат на пазарот на медиумите, за работите да опстанат, а не пак да влезе во било какви реформи во овој сектор. Битно, устата им е полна со изјави за ЕУ и реформи, а немаат сработено буквално ништо на овој план цели 6 и пол години.

Има неколку опции за разврска на оваа ситуација. По изборите Македонија да излезе од оваа лимбо ситуација, Македонија да спроведе сериозни реформи, вклучувајќи ги и медиумските реформи и приспособување на законодавствто на европското со строги правила за сузбивање на пиратеријата, па медиумскиот сектор да има некаква шанса. Дека такво нешто ќе се случи слушаме 30 и кусур години, а никако да се случи, значи многу тешко.

Второ е самите медиуми да направат реформи со кои ќе фатат приклучок на новото време, и контентот што го прозиведуваат, а контентот секогаш ќе биде клучниот независно од развојот на интернетот, платформите и на што се гледа тој контент (мобилните се новите телевизори) да го диверзифкуваат и надвор од линеарната телевизиска програма.

Третата опција е полека секторот и натаму бавно да умира,како што веќе се случи со печатените медиуми, со се помали плати за вработените, недостоинствени услови за работа, и се послаб квалитет на новинарството, што де факто со години се случува. Не сакам да бидам песимист, но мислам дека третата опција е најреалната.

Преземено од globe.mk

The post Бавната смрт на македонските телевизии appeared first on plusinfo.mk.

Иднината ни е во Европа. Но, има ли иднина ваква Европа?
Очигледна е интенцијата на оваа влада да ги помине уставните измени по секоја цена. По неколкумесечни „консултации со експерти и широката јавност“ владата го достави предлогот за уставни измени до собранието, ја отпочна процедурата, и ја запре. За точката на дневен ред ќе се гласа кога власта ќе биде уверена дека го има потребното дво-третинско мнозинство. Се додека го нема, нема да ја става на гласање. Спикерот на парламентот Талат Џафери смета дека: кога, како и дали ќе се стави точката на гласање е исклучиво негово дискреционо право, врз основа на деловникот. Човекот вели нема никакви рокови. Ако треба ќе чека до последниот ден од истекот на мандатот на пратениците.

Старите скопски таблаџии кога на противникот не им се допаѓа зарот што им се паднал, знаат да направат мајтап – „абе синко, ако не ти чини зарот, па премавај“. Она што се случува во парламентот, и како ги интерпретира законите околу гласањето Талат Џафери мене ми личи како во табла – ќе фрлам зарови и ќе премавам се додека не ми се бендиса тоа што сум фрлил. А ако сакам и не фрлам. Кај мене во раце се зарчињата !

Во меѓувреме владата почна и кампања – „Ние сме Европа“. Во кампањата главно се користи изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена за прием на нови членки во 2030. Станува збор за убава и охрабрувачка изјава, но која е нејзината реална тежина?

Идната година во амбиент на страшен замав на екстремната десница ќе има избори за новиот европски парламент. Па тој парламент, веројатно многу поконзервативен и поксенофобичен ќе избира нова Европска комисија. Во моментов никој не знае каков ќе биде нејзиниот став за проширувањето.

Паралелно со изјавата на Мишел на Блед, еден од главните двигатели на ЕУ францускиот претседател Емануел Макрон експлицитно изјави дека ЕУ треба да размислува за Европа структурирана од повеќе брзини за да се справи со проширувањето. Францускиот претседател нагласи дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира над 30 држави во својот сојуз.„Ризично е да мислиме дека може да имаме проширување без реформи. Можам да посведочам дека е доволно тешко Европа да оди напред околу сензитивни прашања со 27 членки. Со 32 или 35, сигурно нема да биде полесно“, порача Макрон на годишниот собир на француските амбасадори во Париз. Според изјави на неколку официјални функционери на француската влада на кои се повикува бриселскиот портал Политико владата на Макрон веќе работи на неколку предлози за Европа на повеќе брзини. Макрон дообјасни и дека ќе ги детализира неговите размислувања во наредните месеци, а секако пред изборите за европскиот парламент идната година.

На стартот на кампањата „Ние сме Европа“ македонскиот премиер Димитар Ковачевски објасни дека изјавата на Емануел Макрон за Европа со повеќе брзини значела „ дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 во Европската унија“. Македонските политичари пред да даваат интерпретации на изјави нивни колеги од странство треба да земат во предвид дека луѓето во денешно време имаат достап и до странски медиуми, каде што можат да ги прочитаат изјавите на странски политичари во оригинал. Пораката на Макрон бездруго има сосема поинаков контекст, од оној што ни го претставува Ковачевски. А конечно, од каде знае токму Ковачевски што мислел Макрон со изјавата? Му се јави да му ја дообјасни?!

Оваа изјава на Ковачевски мириса на манипулација. Исто како што е демагогијата дека внесувањето на Бугарите во Уставот наводно била последна пречка во билатералниот спор меѓу Софија и Скопје. Ги знаеме и францускиот предлог и проколите што се потпишани. Нема смисла дотолку да ни ја навредуваат интелигенцијата.

Многу пофер пристап ќе беше : Ова што ни го прави ЕУ не е фер. Ни ветуваа дека ако го смениме името поради спорот со Грција ќе ги отпочнеме преговорите. Такви изјави дадоа од највисокиот до најнискиот ешалон политичари во Европа. Тоа не се случи. Париз измисли пречка и побара нова методологија за пристапни преговори, а се до нејзиното усвојување, за Македонија имаше вето. Потоа дојде друго вето, овој пат од Бугарија поради наводно непочитување на договорот за добрососедство и соработка. Бугарите излегоа со дузина барања. Повеќето апсурдни и со директно задирање во идентитетот. Накрај, за да не биде ашиќаре срамот за Европа да бараат од еден мал европски народ да се откаже од сопственит идентитет во 21 век, како главно барање испливаа човековите, односно малцинските права на Бугарите во Македонија и нивно впишување во Уставот.  За другите прашња ќе не цедат и условуваат натенане, отако ќе ги отвориме кластерите.

Но нашата иднина и перспектива е ЕУ. Немаме друг избор, ќе се бориме колку што е можно да не го загубиме достоинството до даска. Одамна сите знаеме дека немаме опција Б. Ете тоа ќе беше пофер пристап. Барем ќе беше искрен. И луѓето ќе беа помалку лути.

Извор:globe.mk

The post Иднината ни е во Европа. Но, има ли иднина ваква Европа? appeared first on plusinfo.mk.