ЗОШТО ПЕРСЕИДИТЕ СЕ НАРЕКУВААТ „СОЛЗИТЕ НА СВЕТИ ЛАВРЕНТИЈ?“ Легенда стара со векови

бјаснувањето е во начинот на кој средновековниот човек го гледал небото. Денес знаеме дека светлата линија што ја нарекуваме „ѕвезда што паѓа“ нема никаква врска со вистинска ѕвезда.

Но, за луѓето кои секоја година околу денот на еден почитуван маченик гледале десетици светли траги како се спуштаат по небото, сликата лесно можела да се претвори во религиозен симбол – небото како да плаче за Свети Лаврентиј.