ЗОШТО НА ПОЛИЦИЈАТА НЕ Ѝ ПРЕЧАТ КОЛИТЕ ПАРКИРАНИ ВО ПЕШАЧКА ЗОНА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР? Улицата Никола Вапцаров со години е оаза за бесплатно паркирање

Улицата Никола Вапцаров излегува на плоштадот Македонија, а во средина има влез за паркинг на станарите. Тие се жалат дека наутро кога со автомобилите излегуваат од паркингот за да одат на работа не можат да се разминат со паркирани возила или комбиња кои вршат дотур на стока.