ЗОШТО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ ОСТАНУВА МАКЕДОНСКА КОЛЕКТИВНА ТРАУМА Нелогичната истрага и самата заслужува истрага

Атентатот врз претседателот Глигоров од 3 октомври 1995 година, се повеќе добива форма на некакво традиционално одбележување на еден конкретен датум за еден конкретен настан, отколку што претставува мотив за расветлување на еден терористички акт. Се претвора во фолклорен елемент, како потенцијална инспирација за народна песна. Останува горчливиот вкус на неуспехот на сите нас – вели новинарот Зоран Петров, авторот на првата книга во Македонија посветена на атентатот врз Глигоров.