ЗЕЛЕНСКИ ГИ ЗЕДЕ ПАРИТЕ ОД БАЈДЕН КАКО БОНБОНИ ОД БЕБЕ Трамп посочи дека Европа ѝ платила на Русија за нафта повеќе одошто ѝ дала пари на Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека очекува Володимир Зеленски да се „врати“ и да го заврши договорот за минерали. На прашањето дали е сигурен дека Украина ги има овие ресурси бидејќи некои се сомневаат во постоењето на титаниум и на минерали во Украина, тој потврди дека верува оти има ресурси во Украина.