ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА ГО ПРЕТВОРИЛЕ ВО „ХОТЕЛ ПРОМАЈА“ Тошковски фрапиран од злоупотребите на ексдиректорот на „Шутка“ и група затворски полицајци

Буквално како трговско-угостителско друштво, затворските полицајци коишто се платени од граѓаните, ги пренесуваат од затвор до одредена локација, ги чуваат 8 до 10 часа на таа локација, па пак со службено гориво и возила, на трошок на македонските граѓани, ги враќаат во затворот, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.