ЗАПЛИВА ВО СЕНА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ЧИСТА Француска министерка тврди дека олимпискиот пливачки тријатлон може да почне

Пливањето во Сена е забрането во 1923 година поради загадување, иако француските политичари ветија дека ќе ја исчистат. Поранешниот градоначалник на Париз, а подоцна и претседател Жак Ширак во 1988 година вети дека реката ќе биде доволно чиста за да може да се плива пред крајот на неговиот мандат, но тоа ветување не го одржа.