ЗАПАДОТ СО ОСТРИ РЕАКЦИИ ЗА „НАВРЕДЛИВАТА ДЕЛЕГАЦИЈА“ НА РУСИЈА Трамп сака крај на војната што е можно побргу

Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, лично пристигнува во Турција, Русија испраќа делегација што Западот ја смета за навредлива. Британскиот министер Дејвид Лами вели дека Кремљ нема вистинска волја за преговори, а генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порачува дека „топката е кај Русија“ и изразува „внимателен оптимизам“. САД, пак, порачуваат дека Трамп ќе го поддржи секој механизам што води кон траен мир.