ЗАКОНСКИ ЛИ Е ДА СЕ ПОЛАГА ПСИХОЛОШКИОТ ТЕСТ ЗА СУДИЈА ДВАПАТИ? Судскиот совет и Министерството за правда во расправија

Судскиот совет ниту дал одобрение да се спроведе повторен тест, ниту, пак, има официјална информација дали кандидатката повторно полагала, бидејќи тоа не е нејзина надлежност, дополнуваат оттаму, потенцирајќи дека во оној момент кога ќе добијат известување од надлежната институција што ги спроведува тестовите, ќе може да знаат кој од кандидатите ги исполнил сите законски услови за избор на претседател на суд или судија, реагираат од Судскиот совет на изјавата на министерот за правда Лога.