„ЗАЕВ ГО ПОЧНА РЕКЕТОТ СО СВОИТЕ БОМБИ“ Боки 13 призна дека за него била фатална врската со луѓето од СДСМ

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да се стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука е почнато да се рекетираат луѓе и бизнисмени кои ги имаше на тие снимени разговори. На покојниот Силјан Мицевски му се земени 800 илјади евра. Јас ги знам посредно, непосредно работите, за кои можам да посведочам. За сѐ што зборувам во дадени ситуации сум материјализиран во смисла на материјални докази. Ако се спои целиот мозаик, ќе видите дека ништо не зборувам само така. Рекетирани се цела плејада на лица, рече Бојан Јовановски во поткастот „Лазаров“.