ЗА СРАМНИОТ ЧИН НА АЛБАНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СЕ ОГЛАСИ И НЕГОВИОТ КЛУБ Рускиот Рубин Казан изрази жалење за гестот на Даку

Нашиот клуб не поддржува никакви навредливи акции или гестови. Играчот за време на инцидентот беше со репрезентативен ангажман, но, секако, жалиме што дојде до ваква ситуација – стои во реакцијата од рускиот клуб Рубин Казан за кој настапува албанскиот репрезентативец Мирилинд Даку кој на ЕУРО 2024 на мегафон ги пцуеше Македонците и Србите.