ЗА ПОПОВА ШАПКА СЕ ПОТРЕБНИ МНОГУ ПАРИ, АМА И ПОДОБАР ПЛАН Експерт ги открива слабостите на Мастер планот и предлага решенија (АНАЛИЗА)

Плусинфо ангажираше локален експерт да го рецензира Мастер планот за скијалиштата на Попова Шапка, изработен во 2010 година. Редакцијата се надева дека неговото и мислењата на други експерти и љубители ќе бидат од помош за најавениот странски инвеститор, кој треба да вложи 50 милиони евра.