ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ ПОСТОЈАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ Ладно, со амандмани, европратениците ги избришаа термините од Извештајот за Македонија

Со мнозинство гласови беше усвоен заедничкиот амандман за бришење на македонскиот јазик, што го поднесоа европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“.