ВТОРА ШАНСА ЗА ПРАВДАТА Апелација го урна „Трезор“, oсновниот суд од денеска на поправен испит

Апелациoниот суд буквално ја „разнесе“ првостепената пресуда за „Трезор“. За да донесе мериторна одлука, основниот суд овој пат нема да смее да ги игнорира факти на кои фрли светло пресудата на Апелација. Ова е и шанса да се покаже дека во едно цивилизирано и демократско општество правдата се опслужува врз основа на словото и во духот на законите, во строго форматирани и регулирани постапки, а не се „дели“ под политички притисоци.