ВРЕМЕ Е ЗЕМЈИТЕ ДА СЕ ПРИКАЧАТ НА НАЈГОЛЕМИОТ ЕВРОПСКИ ТРАНСПОРТЕН ПРОЕКТ Европската унија ќе инвестира 546 милијарди евра за брзи пруги до големите градови

Проектот наречен Европска мрежа за брзи железници, кој го промовира здружението CER (Заедница на европски железнички и инфраструктурни компании), наскоро треба да добие официјално одобрение од Европската комисија. Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на ЕУ.