ДА НЕ БЕШЕ ХИГИЕНИЧАРКАТА, ДЕНЕС ЌЕ НЕМАШЕ РЕАГЕНСИ Кој сакал да направи саботажа со огромни штети во Институтот за јавно здравје?

Директорката Марија Андоновска на Институтот за јавно здравје вели дека се проверува дали има оштетени реагенси, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат. Таа вели дека ако не реагирале на време денеска ќе имавме загрозување на животот и здравјето на граѓаните , штета во милиони и ќе немавме ниту еден реагенс.