ВОЗАЧОТ КОЈ УСМРТИ ДЕВОЈКА НА ПАРТИЗАНСКА БИЛ ПИЈАН И НЕМАЛ ДОЗВОЛА Јавниот обвинител предложи мерка притвор

Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента, се вели во соопштението на ОЈО Скопје.