ВОЗАЧИ ОД ЈСП СКОПЈЕ СЕ СЕЛАТ ВО МАЈНЦ Следната недела градскиот превоз останува без 100 возачи

Најверојатно петок или сабота тргнуваме со колегите за Мајнц. Според договорот ќе добиваме месечна плата од 2.600 евра и плус дополнително ќе ни се плаќаат екстра саатите кои ќе ги работиме. Компанијата ни вети дека првите два месеци ќе добиеме бесплатно сместување, а потоа најверојатно ќе треба да плаќаме одредена сума околу 200-300 евра, вели нашиот извор.