ВОНРЕДНО ПОКАЧУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Е ГОЛЕМ ТОВАР ЗА БИЗНИСИТЕ Само со државна помош 98% од бизнисите би можеле тоа да го направат

Претседателот на Бизнис-конфедерацијата Миле Бошков посочува дека енормните профити се само замислена категорија бидејќи и од завршните сметки – податок што лесно е достапен преку Централниот регистар и секој може да го види, се гледа дека во многу мал процент македонските компании остваруваат профит и врз основа на тоа и го плаќаат данокот.