Воловска економија

Сите што досега се изредија на власт, сѐ што допреа од квантумот на нашите природни и производни ресурси, го искорнаа од рацете на сопствениот народ. Амалгамот на нашата несреќа се состои од повеќе дополнителни ингредиенти: рамнодушноста на обесправените; отсуството на желба и незнаењето како се бранат интересите на сопствената држава; перчењето со ниски човечки вредности; замајувањето со фолклорен домашен национализам; негувањето на чифлигарски менталитет кому од голема помош му се и интелектуалци кои, сосема опушено велат – полошо од тоа да те експлоатираат е да не те експлоатираат.