ВОЛАНОТ ОТКАЖА, ПА АВТОБУСОТ НА ЈСП ИЗЛЕТА ВО ЖАРДИНИЕРАТА?! Возачот ја раскажа својата верзија

Според тврдењата на претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, Синдикатот имал сознанија добиени од страна на вработени кои го управувале автобусот, дека во неколку наврати било алармирано дека автобусот е технички неисправен, но сепак, со потпис и печат бил пуштан да сообраќа како технички исправен. Ристески рече дека истиот автобус изминатиот период сообраќал на линија до Водно.