ВОДОВОД НЕ ПОБАРАЛ ПОСКАПУВАЊЕ, САМО СИ ГИ КАЖАЛ ТРОШОЦИТЕ!? Останува да се види дали цената на водата ќе остане иста

Околу евентуалната промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието, при што ЈП Водовод и канализација – Скопје ниту донело нови тарифи, ниту истото го има побарано од Советот на Град Скопје – се вели во соопштението.