ВОДАТА ОД ГОСТИВАРСКИОТ ВОДОВОД НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ Земени мостри од целиот систем, АХВ ги контролира операторите со храна

Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.