Царскиот орел беше спасен од кров на викендичка на Пониква, од страна на храбрите пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани. „Птицата беше во лоша состојба кога ја примивме кај нас. Се обидовме да ја нахраниме, таа јадеше и добро реагираше, но неколку часа подоцна целата храна ја поврати. За жал во текот на ноќта птицата угина. Ќе чекаме да видиме што ќе каже официјално обдукцијата да ја знаеме точната причина за смртта“, вели за зоо-негувателот Војо Иванов.
Copy and paste this URL into your WordPress site to embed
Copy and paste this code into your site to embed