ВО БАЗЕНОТ ИМАЛО ДРУГИ ДЕЦА, А ТАМУ БИЛЕ И ВОДАЧОТ И СПАСИТЕЛОТ Нови детали за девојчето што се удави на Халкидики

Девојчето отишло во кампот со својата сестра. Двете девојчиња наводно влегле заедно во базенот, како и другите кампери, но изгледа дека 8-годишното девојче не излегло од водата. Сестра ѝ потоа не ја видела ниту во трпезаријата каде оделе на ручек, ниту во студентските домови.