ВМРО-ДПМНЕ ДОБИВА СЀ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ СПОРЕД АНКЕТИТЕ Мицкоски смета дека владејачката коалиција ќе биде апсолутен победник на локалните избори

На последната теренска анкета којашто ја добив, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше над 30%, а втората партија беше со рејтинг од 6,8%. Така што сега ако порано зборувавме за предност од 3:1, сега е повеќе од 4:1 и очекувам тој тренд да расте до одредено ниво и потоа да се стабилизира бидејќи ќе биде исцрпен капацитетот, тоа е волуменот на гласачи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.