Влада: Заев и министрите штедат време, затоа користат хеликоптер

Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски, одговорија од Владата за Плусинфо.