(ВИДЕО) „ТАТИН СИН“ ДИВЕЕЛ НА ПАРКИНГ ВО ЗАГРЕБ 23-годишно момче со Мерцедес покоси петмина, лекарите се борат за животот на еден од повредените

Од полицијата велат дека во дивеењето се повредени пет лица. Маж на возраст од 35 години е тешко повреден и му е укажана лекарска помош во Клиничкиот болнички центар во Загреб, 32-годишна жена во Клиничката болница Дубрава и 21-годишен маж во Клиничкиот центар „Сестрите на милоста“.