„ВЕШТАЧЕЊАТА ГИ НАПРАВИЛЕ МОИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ КОИ ЈАС ГИ СМЕНИВ“ Васев негира вина и тврди дека ја спасил Клиниката за онкологија од долгови

Јас сум директор од 2017 година и имам наследено реверс од директор што јас го имам сменето и кој е потписник на вештачењето против мене во овој случај, а второто економско вештачење е потпишано од втората економска директорка што е разрешена на мое барање поради финансиски злоупотреби, рече денеска оред Судот првообвинетиот во Онкологија 2, Нино Васев.