В ПОНЕДЕЛНИК ПРЕСУДА ЗА „ТИТАНИК 2“ Обвинителот не отстапи од конструкцијата без докази, но судијата Ставрев може да спречи уште една фатална хаварија на правдата

Наместо да го ремонтираат еднаш насуканиот „Титаник 2“ и да го насочат кон потопли мориња, или просто да се откажат од него, капетанот одлучил пак со истите аргументи да ги качи на бродот и обвинетите и судот и правдата и да тргне по истиот курс, надевајќи се дека овој пат сантата мраз ќе попушти. Ќе се одважи ли судијата Огнен Ставрев да му стави крај на ова петпарачко сценарио?