УЖАСОТ ГО ГАЗА ГО ВОЗНЕМИРИ ЦЕЛИОТ СВЕТ Американците бараат Израел да ја прекине копнената операција, Русија инсистира на „хуманитарен прекин на огнот“

САД силно го поддржаа Израел во неговата борба против групата Хамас по нападот од пред седум дена, но изразија загриженост за хуманитарната ситуација на повеќе од 2 милиони жители на Газа. Израелската армија вчера побара од 1,1 милион жители на северот на Газа да се евакуираат во рок од 24 часа во јужната половина од енклавата.